<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":135,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=135"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Просторната база на податоци за просторни планови ги содржи следните збирки на
податоци:

                                                        Земјоделство и
                                Природни                        Шуми и шумско      Минерални
       Општи податоци                                  земјоделско
                                  карактеристики                               земјиште            ресурси
                                                         земјиште

       Водни ресурси и
                                     Енергетска           Комуникациска                            Терцијарни
         водостопанска                                                         Сообраќај
                                 инфраструктура         инфраструктура                               дејности
        инфраст руктура

                              Урбанизација и систем                                          Намена на
          Население                                Домување         Јавни функции
                                  на населби                                                    земјиште

      Стопанство     Животна       Природно          Културно          Туризам      Природни и технолошки
                    средина       наследство         наследство                             катастрофи

                   Слика бр. 16 Просторна база на податоци за Просторниот план

       За донесените Просторни планови креиран е ГИС портал со публикувани WEB
сервиси, достапен за сите корисници, публикуван и на НИПП порталот                                   -
https://portal.app.gov.mk/ProstorenPlan/     .

      Една од основните вредности кои новите ГИС технологии ги овозможуваат е
ефикасната размена на ажурирани и верификувани податоци помеѓу институциите кои се
одговорни за нивното креирање. Ваквиот концепт треба значително да го олесни процесот
на документирањ е на просторот како примарна влезна активност која ќе придонесе за
квалитетни плански решенија.

      Националната инфраструктура на просторни податоци       – НИПП на Република
Северна Македонија е усогласена со политиките и статутарните инструменти во Европската
Унија. Тие ги обезбедуваат основните правила кои треба да ги почитува јавниот сектор при
овозможува њето пристап до своите податоци на другите јавни органи, на приватниот сектор,
или јавноста.

       Интеграцијата на информациските технологии, базите на просторни податоци и
вмрежувањето, допринесува да се унапреди системот на просторно планирање во смисла на
брз и едноставен пристап до ажурирани податоци, лесна размена и презентација на
планските решен ија и зголемување на транспарентноста на планскиот процес.





                                                                              110
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":135}>>>
