<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":134,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=134"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

3.5.5. Геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка за ППРСМ

         Просторниот план, како комплексен и  интердисциплинарен документ, се базира на
  просторни податоци од разнородни извори     , кои се описни,  (дескриптивни), табеларни  и
   графички . Согласно Методологија за изработка на просторни планови,  нивото на разработка
  на податоците се  административни единици од ниво НТЕС 4    – општини и ниво НТЕС 3     -
   статистички плански региони     , за податоците превземени од статистичките извори. Но,
  одделни просторни елементи не мож е да се сместат во административни рамки и нивните
  граници се природни или географски. Истовремено Планот обработува и создадени
   инфраструктурни и договорни системи, трансгранични или меѓународни простори и
   коридори.

         Согласно методологијата за изработка на просторни планови, за собирање,
   обработка, анализа, ажурирање и презентација на геопросторните податоци се користи ГИС
   технологијата. Следствено на ова основа на секој ГИС се геопросторните податоци кои се
   меѓусебно логички и интеракциски поврзани и соодветно картографски обликувани.

         Референтната  временска рамка на користените податоци е 2021 година, односно
   почетокот на дефинираниот плански период. За одделни области за кои не постојат податоци
   за 2021 година, или истите не се релевантни, користени се достапните, временски најбли   ски
  податоци до референтната година. Референтен размер  за изработка на тематски и синтезни
   карти како дел од картографските прилози на просторните планови е 1:250.000, а за
  печатење на планската документација размерите 1:500.000 и 1:750.000.

         Со оглед на напредокот на картографската техника и технологија, каде генерално
   картографското производство е во дигитална векторска форма со геореференцирани
  содржини и висока точност, за изработка на    Просторниот план на Република Северна
  Македонија (2021 -2040), најсоодветен референтен размер е 1:250.000.     За изработка на
   плановите од пониско ниво потребно е да се следи размерниот систем на државните
   топографски карти.

          Интегритетот на податоците е концепт и процес кој обезбедува точност, целовитост,
   конзистентност и валидност на просторните податоци. За потребите на просторните планови
   се обработуваат природно  -географски, социолошко -географски, економско -географски и
  инф раструктурни аспекти. Тие се базираaт на податоци кои се креираат во надлежни
   институции во Државата, односно изворите на податоци, начинот на нивната продукција и
   ажурноста е гарантирана од официјални надлежни институции, министерства и агенции.
   Интегрите тот на просторните податоци од Планот е обезбеден преку единствениот
  информациски систем којшто се одржува во Агенцијата за планирање на просторот.

         Просторните податоци имаат фундаментално значење во процесите за изработка на
   просторните планови каде со употреба на аналитички методи се креираат квалитетни
   плански решенија базирани на релевантни информации. Просторните податоци, независно
  од географски от опфат и корисничката намена, се класифицираат во три основни типови
  податоци и тоа: растери, вектори и атрибутни податоци.





                                                                                109
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":134}>>>
