<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":131,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=131"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

          Телекомуникациска инфраструктура на МВР и МО

          Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република
    Северна Македонија имаат сопствени телекомуникациски капацитети. Тие имаат изградено
    оптички мрежи, кои се користат за потребите на МВР, МО, Армијата и Владата. Од
    разбирливи причи ни поврзани со безбедноста на државата, двете мрежи на МВР и МО не се
    достапни за јавна употреба.

          Дополнително, МВР и АРМ располагаат со системи за безжична комуникација со чија
   помош обезбедуваат мир и безбедност на територијата на целата држава.

           Јавно претпријатие за државни патишта

           Јавното претпријатие за државни патишта е надлежно за планирање, изградба,
    реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на јавните патишта како и за
    управување со државните патишта, одржување на патна сигнализација и наплата на
    патарини. Исто така,  Јавното претпријатие за државни патишта е надлежно и за издавање
    одобренија за поставување на телекомуникациски инсталации во заштитниот појас на
    патиштата, што е клучно за поедноставна изградба на телекомуникациската инфраструктура
    низ државата.

           За потребите на системот за наплата, а во иднина сé повеќе и за системот за
    сигнализација, Јавното претпријатие за државни патишта делумно користи
    телекомуникациска инфраструктура од комерцијалните телеком оператори, но има
    инсталирано и сопствена оптичка   телекомуникациска инфраструктура, која планира да ја
    надгради и прошири. Особено е важно при реконструкцијата на постојните и изградбата на
    новите коридори да се предвиди поставување на кабелска канализација во која понатаму би
    се поставила оптичката инфра  структура.

3.5.4.7.  Радиодифузија

          Во 2024 година има вкупно 96 радиодифузери, од кои 39 телевизии и 57 радија. Од
    телевизиите, 11 емитуваат програма на државно ниво (5 преку мултиплекс, 4 преку кабелски
    оператори и 2 преку сателит), 14 на регионално ниво (5 преку мултиплекс и 9 преку кабел  ски
    оператори) и 14 локални телевизии (преку кабелски оператори).

          Аудио-визуелната содржина од телевизиите се дистрибуира преку дигитална
    дифузија на телевизискиот сигнал преку DVB       -T дигитални мултиплекси (   Национална
    Радиодифузија и А1 Македонија), како и преку електронски комуникациски мрежи базирани
    на коаксијални кабли со користење на аналогна или дигитална технологија (CAT и DVB       -C),
    пренос на телевизија преку интернет IPTV и како OTT сервиси преку електронски
    комуникациски мреж и.

        Од радијата, 4 се на државно ниво, 15 на регионално (од кои едно непрофитно) и 38
    на локално ниво (од кои 3 се непрофитни). Дифузијата на радио програмите сé уште се
    изведува со помош на аналогни средства за радиодифузија иако постои план за транзиција
    кон дигитална дифузија на аудио содржини (DAB).

3.5.4.8.  Поштенска мрежа

           Почнувајќи од 2008 година, бројот на даватели на поштенски услуги на слободниот
    пазар се зголемува, достигнувајќи го максимумот во 2020 година, а потоа се намалува. На
    крајот на 2023 година и почетокот на 2024 година, во Државата работат 1 давател на
    универзална услуга (АД „Пошти на Северна Македонија“) и 34 даватели на други поштенски
    услуги. Најголема мрежа на единици на поштенската мрежа, 289, има давателот на

                                                                                  107
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":131}>>>
