<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":130,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=130"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    IPTV  - 159.636, претплатници на DVB  -T - 40.783, претплатници на сателитска телевизија     -
    37.737.

3.5.4.5.  Оператори за телекомуникациска инфаструктура Телекомуникациска
        инфраструктура на комерцијални оператори

          Операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски
    услуги поседуваат соодветна телекомуникациска инфраструктура, базирана на различни
    комуникациски технологии. Во технологиите преку кои се обезбедуваат услугите кон
    корисниците, до минантни се оптичките, коаксијалните, бакарните и безжичните мрежи, во
    кои доминираат мобилните мрежи.

3.5.4.6.  Телекомуникациска инфраструктура на јавни претпријатија

           ЈП Национална Радиодифузија

          Национална Радиодифузија   е јавен радиодифузен оператор на територијата на
    Република Северна Македонија. Преку мрежата на радиодифузни предаватели на
    територијата на целата држава се зрачи дигитален телевизиски сигнал (DVB        -T) на петте
    телевизиски канали на јавниот сервис и аналогн а дифузија на трите радио канали на јавниот
    сервис.

           Дистрибуцијата на телевизискиот сигнал во дигитален формат до предавателите се
   врши преку микробранови линкови со капацитети 2x155 Мbps (2xSTM   -1).

           Согласно Националниот оперативен бродбенд план, ЈП Национална Радиодифузија
    е надлежна за спроведување на државната помош, односно градење и управување со
   бродбенд инфраструктура која потоа ќе се дава на користење на операторите под
    недискриминаторски и тр анспарентни услови.

        МЕПСО

          Основна дејност на АД МЕПСО е сигурен и доверлив пренос на електрична енергија,
    ефикасно управување со електропреносниот систем кој е интерконективно поврзан со
    електропреносните системи од Европа, оптимален и одржлив развој на електропреносниот
    систем со  цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со
   минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во Државата.

           Покрај својата примарна дејност, АД МЕПСО, преку својот Оддел за
    Телекомуникации, управува со телекомуникациска инфраструктура и телекомуникациски
   мрежи за потребите на компанијата. Телекомуникациската инфраструктура на АД МЕПСО се
    состои од воздушни оптич ки кабли поставени по должина на сите далноводи.

           ЈП железници на Република Северна Македонија инфраструктура      - Скопје

          Основната дејност на јавното претпријатие за железничка инфраструктура
   Железници на Република Северна Македонија     -Скопје е управување со железничката
    инфраструктура на државата. Исто така претпријатието инвестира во изградба на
    телекомуникациска инфраструкт  ура базирана на оптика, пред сé за сопствени потреби.
    Трасите на оптичките линкови ја следат топологијата на железничката инфраструктура во
    Република Северна Македонија.





                                                                                 106
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":130}>>>
