<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":127,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=127"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Електропреносен систем

      Во електропреносната мрежа, прикажана нa    Слика бр.  15, постојат две напонски
нивоа: 110 kV и 400 kV, за поврзување на големите производители на електрична енергија и
потрошувачите (градови или делови од поголемите градови). Главниот дел од македонската
електропреносна мрежа го сочинуваат 400 kV далекуводи, к    ои формираат прстен што ги
поврзува најголемите потрошувачки и производствени центри во земјата, како и
интерконекциите со соседните електроенергетски системи.





    Слика бр.   15  Eлектроенергетски систем на РСМ           ,  Извор: МЕПСО, План за развој на
    електропреносниот систем за период 2023  -2032, Скопје, 2022

       Електропреносниот систем на Република Северна Македонија е поврзан со
електропреносните системи со соседните држави, освен со Албанија, преку пет 400 kV
интерконекции:
      ·   Косово, преку 400 kV далекувод ТС Скопје 5  – ТС Феризај 2 (Урошевац);
      ·   Србија, преку 400 kV далекувод ТС Штип  – ТС Врање 4;
      ·   Бугарија, преку 400 kV далекувод ТС Штип   – ТС Могила;
      ·   Грција, преку два 400 kV далекуводи ТС Битола 2: ТС Мелити и ТС Дуброво  – ТС Солун.

       За поврзување на нашиот електропреносен систем со електропреносниот систем на
Албанија, во 2022 година е започната изградбата на 400 kV далекувод Битола    – Елбасан со
должина од 92 km, како и изградба на ТС 400/100 kV/kV Охрид. Со овој проект ќе се заврши
изградбата на „Коридорот 8“, со што Македонија и Бугарија ќе се поврзат со Албанија, Црна
Гора и Италија.

       Електродистрибутивен систем

       Електродистрибуција, како носител на лиценца за регулираната дејност дистрибуција
на електрична енергија и оператор на дистрибутивниот систем опслужува околу 780.000
потрошувачи и генератори поврзани на дистрибутивни мрежи преку 803.246 приклучоци, од
кои 1,148 се на среден напон (10, 20 и 35 kV), а останатите 802.098 се поврзани на низок напон
(0,4 kV).

                                                                              104
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":127}>>>
