<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":126,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=126"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    затоплување, јавни котли односно топлани користат само густо населените делови од градот
    Скопје (Топлана запад, Топлана исток и ТЕТО Скопје), додека останатиот дел од
    домаќинствата користат електрична енергија и огревно дрво во најголем дел.

3.5.3.3.  Енергетски системи

           Енергетскиот систем на Државата го сочинуваат капацитетите за производство на
    енергија, системите за пренос и дистрибуција на енергија како и потрошувачите на енергија.

            Систем за производство на електрична енергија

          Системот за производството на електрична енергија го сочинуваат
    термоелектричните централи, кои како примарен извор на енергија користат: лигнит, мазут
   и природен гас, како и електричните централи кои користат обновливи извори на енергија:
    енергијата на во   дата, ветерот, сончевата енергија, биомасата и биогасот. Вкупниот
    инсталиран капацитет на електричните централи во 2023 година изнесува 2632,61 MW.

         Доминантна технологија за снабдување на потребите за електрична енергија се
    термоелектричните централи на јаглен кој е со ниска калорична вредност, ограничени
    резерви во следните 10 години, а дополнително претставува и ризик поради високата
    емисија на CO  2 при неговото согорување. Термоелектричните централи имаат најголемо
    учество во вкупниот инсталиран капацитет (39,28%), и во производството на електрична
    енергија (46,27%).

         Во електроенергетскиот систем во 2023 година се приклучени нови производители
   на електрична енергија со инсталиран капацитет од 367,3 MW, од кои најголем дел
    фотоволтаични централи со вкупен инсталиран капацитет од 361,9 MW.

         Во 2023 година инсталираната моќност на електроцентралите од обновливи извори
   на енергија учествува во вкупниот производствен капацитет со 50%, а во вкупното
    производство со 33%, каде доминантно учество имаат хидроелектраните. Најголем
    производител на елек  трична енергија во 2023 година e АД ЕСМ Скопје, во државна
    сопственост, со 62% учество во вкупното производство на електрична енергија.

          Инсталираната моќност и производството на електричните централи кои користат
   обновливи извори на енергија се прикажани во следната      табела и се поделени според
    технологијата.

        Табела бр. 38 Производство на електрична енергија во 2023 година, според технологија       , Извор:
         Регулаторна комисија за енергетика и водни ресурси на РСМ

      Вид на електрична       Број на електрични       Инсталиран       Учество      Производство       Учество (%)
           централа              централи         капацитет (MW)        (%)           (GWh)
     ТЕЦ                             5                  1034            39            3032               46
     ТЕ-ТО                           3                  287             11            1348               21
     Вкупно обновливи
                                    1147                1312            50            2173               33
     извори на енергија
    ХЕЦ                            10                  587             45            1277               59
    ВЕЦ                             2                   73              6             165                8
    Мали ХЕЦ                       124                 133             10             371               17
    ФЕЦ                           1003                 506             39             298                14
     ТЕЦ Биогас                       7                   12              1              62                3
     ТЕЦ Биомаса                     1                   1              0              0                 0
    ВКУПНО                        1155                2633            100            6553              100

          Вкупниот капацитет за производство на топлинска енергија изнесува 794 MW. Сите
    производители на топлинска енергија како гориво го користат природниот гас, што има
    позитивен придонес од еколошки аспект.



                                                                                 103
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":126}>>>
