<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":124,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=124"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 14 Енергетска инфраструктура во секторот за природен гас      , Извор: НОМАГАС

       Нафта, нафтени деривати и биогорива

       Енергетската инфраструктура во нафтениот сектор во Државата овозможува увоз,
извоз и транспорт на сурова нафта и нафтени деривати, преработка на сурова нафта,
производство на биогориво, дистрибуција, транспорт и продажба на нафтените деривати. Во
Република Северна Македонија нема наоѓалишта на нафта, а од 2013 година нема ни
производство на нафтени деривати, така што резервите во Државата се базираат на увезена
сурова нафта и нафтени деривати од 0,8  – 1,0 мил. тони годишно.

      Нафтоводот АМБО кој беше планиран проект за транспорт на нафта во почетокот на
овој век, веќе е напуштен како идеја. Изградениот нафтовод Солун   -Миладиновци ОКТА, ќе
се користи како продуктовод за транспорт на нафтени деривати (најчесто дизел гориво).

      Обновливи извори на енергија

     Од обновливите извори на енергија во Државата се користат хидроенергијата и
ветерната енергија за производство на електрична енергија, сончевата енергија за
производство на електрична енергија и топлина (во домаќинствата), биомасата (во најголем
дел дрвна маса во домаќинствата) и геотермалната енергија (во најголем дел за затоплување
на оранжериите).

       Хидроенергетските објекти во Македонија, според водите кои ги користат и речниот
слив, можат да се поделат на електрани на реката Црн Дрим, како и сливовите на поголемите
притоки на р. Вардар, а тоа се р. Треска, и р. Црна. Како посебни, можат да се класиф  ицираат
Мавровските хидроелектрани кои ги собираат Шарските води и припаѓаат на Вардарскиот
слив. Од проценетиот технички енергетски потенцијал најголемиот дел припаѓа на
Вардарскиот слив со околу 4270 GWh и сливот на Црн Дрим со околу 880 GWh. Малите

                                                                              101
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":124}>>>
