<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":123,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=123"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.5.3. Енергетика и енергетска инфраструктура

         Во нашата Држава нема услови за целосно покривање на потребите од електрична
    енергија, поради што околу 20%  - 30% од потребите за електрична енергија се обезбедуваат
   од увоз.

         Домашните термоенергетски капацитети се веќе на крајот од својот животен век (ТЕЦ
   Неготино (1978), ТЕЦ Осломеј (1980), ТЕЦ Битола (1982, 1986 и 1988 соодветно за блоковите
    1,2 и 3.), а постојните домашни резерви на јаглен (лигнит) се скоро исцрпени, додека      пак
   новите (Живојно, Мариово) бараат високи инвестиции кои со новите енергетски трендови за
   декарбонизација се дискутабилни.

          Хидроенергетските капацитети се изградени пред повеќе од педесетина години, но
   во голем дел е реновирана и заменета машинската и електро опрема. Тие се во солидна
   оперативна кондиција за покривање на енергетските потреби.

3.5.3.1. Извори на енергија

           Јаглен

          Базната енергија на електроенергетскиот систем на Државата се темели врз
    јагленовиот потенцијал на Кичевскиот и Пелагонискиот басен со утврдените јагленови
   наоѓалишта: Суводол, Брод  -Гнеотино, Живојно, Осломеј, Поповјани и Страгомиште, кои
   овозможија отвора ње на двата големи површински копови на јаглен    – ПК Осломеј и ПК
   Суводол. Вкупните резерви на јаглен (лигнит) во Државата изнесуваат околу 100 милиони
    тони. Во вкупното производство на јаглен за енергетска трансформација најголем удел има
   рудникот Суводол  (68% до 88%), потоа рудникот Брод     -Гнеотино (10%    - 30%), додека
   рудникот Осломеј има помалку од 2% учество во вкупниот произведен јаглен за енергетска
   трансформација. ТЕЦ Осломеј се снабдува исклучиво од рудникот Осломеј кој е речиси
   исцрпен. За зголемување на капацитетот неопходно е активирање на дополнителни извори,
   односно увоз на висококалоричен јаглен, користењето на домашните ресурси од други
   рудници или премин на други енергенти.

         Природен гас

           Постојната енергетска инфраструктура во секторот за природен гас овозможува увоз,
    пренос, дистрибуција и снабдување со природен гас. Државата нема сопствени наоѓалишта
   на природен гас и целокупното количество на природен гас се увезува преку гасоводниот
   систем на Република Бугарија, со капацитет од 800 милиони Nm      3 годишно, со можност за
   зголемување до 1200 милиони Nm  3.

          Системи за дистрибуција на природен гас има во: Технолошко  -индустриска развојна
   зона ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2 кај с. Бунарџик со должина на дистрибутивната мрежа од 7,7
   km, Општина Куманово (22,5 km) и Општина Струмица (44 km). Преку овие системи се врши
   испорака на природен гас за потребите на индустриските и комерцијалните потрошувачи,
    јавните установи и домаќинствата. Од 2024 година Македонија се снабдува со течен гас од
   терминалот во Александропулос во Грција, каде има закупено капацитет за следните 15
    години.





                                                                                 100
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":123}>>>
