<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":119,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=119"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 13 Вкупни расположиви водни ресурси по подсливови за референтниот период 1991       -
    2020 (милиони m3)
     Од територијата на Државата истекуваат околу 189 m       3/s. Ова е еквивалентно на
волумен на истекување од околу 5,95х10    9 m3/годишно. Приближно 87% од површинските
води потекнуваат од земјата, додека останатите 13% се вливаат од соседните региони.
Сливот на реката Вардар е најголем, кој содржи 73% од вкупните површинските водни
текови, од кој истекуваат околу 137 m  3/s, што е еквивалентно на волумен на истекување од
околу 4,33х10 9 m3/годишно. Од останатите, 25% течат низ сливот на реката Црн Дрим (1,5х
109 m3/годишно) и само 2% низ сливот на реката Струмица. Вкупниот волумен на истекување
од територијата на Република Северна Македонија кон Егејскиот слив е 4,45 10  9 m3/годишно.

      Подземните води се еден од најзначајните ресурси во Државата бидејќи во моментов
од нив се снабдува со вода околу 70% од населението.

      Водоснабдување и одведување на отпадните води

       Состојбата со покриеноста на услугата на водоснабдување на населението од јавен
водовод е релативно добра и изнесува 98% на урбаниот дел и 94% на руралниот дел или
просек од 96%. Вкупната зафатена и потрошена количина на вода со јавните водоводи за
2020 го дина за водоснабдување на население изнесува 14.33 (m       3/s), односно вкупната
количина за население, туристи и индустрија е 22.600 (m    3/s), од која 75% се обезбедува од
подземните води, 12% од водотеци, 11% од акумулации и 2% од езера. Поголем дел од
зафатената и потрошена вода (>50%) е нерационално искористен и припаѓа во категорија на
загуби на вода. Високиот процент на неискористена вода зб      орува за лоша состојба на
комуналната инфраструктура, како и несоодветно управување со соодветниот сектор.

      Покриеноста нa  населбите со канализациона мрежа за одведување на отпадните
води во урбаниот  простор изнесува блиску 99%, а 56%   во руралниот, или просечно околу
82%. Количината на отпадна вода која се испушта во реципиентите од население изнесува
околу 7.71 (m3/s), или вкупната количина од население, туристи и индустрија е 10.29 (m     3/s).
Поголем дел од наведените количини на отпадна вода (>72%) без пречистување се


                                                                               97
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":119}>>>
