<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":118,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=118"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.5.2.  Управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура

3.5.2.1. Управување со води

           Територијата на Северна Македонија, Согласно Законот за води и Рамковната
   Директива за Водите, е поделена на четири речни сливови: (1) Сливот на реката Вардар, кој
    гравитира кон Егејското Море; (2) Сливот на реката Црн Дрим, кој ги опфаќа сливовите на
   Преспанското и Охридското Езеро и се влева во Јадранското Море; (3) Сливот на реката
   Струмица кој гравитира кон Егејското Море и (4) Сливот на реката Јужна Морава во земјата,
   како дел од сливот на реката Дунав (Црно Море).

         Со цел да се добие подобра прегледност на расположливите количини на вода и
   нивното користење, во границите на четирите сливови територијата на Државата е поделена
   на 10 подсливови: 1) Горен Вардар, 2) Лепенец, 3) Треска, 4) Пчиња, 5) Среден Вардар, 6)
   Брегалница, 7) Црна Река, 8) Долен Вардар, 9) Струмица, 10) Црн Дрим   .





        Слика бр. 12 Главни речни сливови и под -сливови во Република Северна Македонија

         Расположиви водни количини

         На територијата на Република Северна Македонија се евидентирани 4400 извори со
   вкупна издашност од 992 милиони m  3 годишно, односно 31.49 m 3/s, од кои 40 извори имаат
    капацитет поголем од 100 l/s. Најголем дел од изворите се лоцирани во западниот и
   централниот дел од Државата. Најголеми извори се Рашче со капацитет од 6 m     3/s, изворот
   на р. Треска со 3 m 3/s и изворот Св. Наум со капацитет од над 10 m  3/s вода. Бројот на извори
   од кои се црпи вода е 1918, со вкупен капацитет од 195,2 милиони m 3/годишно.

          Анализата на хидролошките мерења, укажува дека територијата на Република
   Северна Македонија располага со задоволителни количини на вода, меѓутоа со
   нерамномерна просторна распределба.





                                                                                  96
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":118}>>>
