<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":114,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=114"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    со Грција на должина од околу 16 km во текот на 2022 година направена е реконструкција на
    пругата и истата е пуштена во експлоатација во 2022 година.

         Kоридорот 8  го поврзува Јадранско Море со Црно Море преку Албанија, Северна
   Македонија и Бугарија. Делот од Коридор 8 кој поминува низ Државата ги поврзува
   источниот со западниот дел и е со вкупна должина од 313 km. Во тек е изградба на делницата
   Бељаковце – Крива Па ланка и подготовка на проектна документација за делницата Крива
   Паланка – граница со Бугарија.

          Главни делови на овој коридор се:

           -   Источен дел со должина 89 km, Куманово  – Граница со Р. Бугарија;

           -   Централен дел со должина 154 km, Куманово – Скопје – Кичево;

           -   Западен дел со должина 63 km, Кичево  – Граница со Р. Албанија.

          Станиците на граничните премини се состојат од станици долж Коридорот 10/10     -д,
   односно 1 со Србија (Табановце), 2 со Грција (Гевгелија и Кременица) и 1 станица со Косово.

         Железнички транспорт на патници

           Учеството на железничкиот транспорт е од 3     -4% во товарниот и од 7    -10% во
   патничкиот превоз. Единствениот железнички оператор во земјата во 2023 година е
   Акционерското друштво за железнички транспорт (ЖРСМ, АД     - Транспорт), кој располага со
   возен парк во ко  ј околу 70% од локомотивите и моторните возови се произведени помеѓу
   1965 и 1974 година 23. Поседува 47 патнички коли од кои во 2021 година во употреба се 11.
   Последните години железничкиот превоз на патници се намалува, а меѓународниот не
   функционира.

          Товарен железнички транспорт

         Намалувањето на превозот на стоки е најизразено кај домашниот товарен транспорт.
   Најголем дел од превозот во металургијата го врши железницата.

3.5.1.4. Воздушен сообраќај

         На територијата на Државата постојат два аеродроми за меѓународен сообраќај:
   Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле во Охрид, како и пет спортски аерoдроми:
   во Стенковец (Скопје), Битола, Штип, Куманово и Прилеп и еден стопански аеродром во
   Пеширово (Свети Николе). Над територијата на Државата постојат 36 радионавигациски рути
    за просторна навигација, одредени со вкупно 27 точки на земја, 17 гранични коридори
    (географски точки за задолжително јавување) и 10 внатрешни коридори (географски и
   инструмента лни точки за јавување на барање).

        Табела бр. 35 Примарна и секундарна аеродромска мрежа

                       Име                   Категорија               Бр. летови 2022 година

           1         Режановце         Спортски аеродром                         0

           2         Стенковец          Спортски аеродром                         0

           3         Петровец          Меѓународен аеродром                     15.923

           4        Пеширово          Стопански аеродром                         0

           5         Сушево             Спортски аеродром                         0

           6        Мало Коњаре       Спортски аеродром                         0

           7         Логоварди          Спортски аеродром                         0

           8         Охрид             Меѓународен аеродром                      1.566



      23 Национална транспортна стратегија  2018 -2030

                                                                                  93
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":114}>>>
