<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":113,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=113"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        Патен сообраќај

         Доминантен транспортен вид на пазарот на транспортни услуги во Државата е
   патниот транспорт, кој учествува во превозот на патници во интерурбаниот и меѓународниот
   патен транспорт со 90%     - 92%, и во железничкиот со 8%      - 10%. Во товарниот транспорт
   преовладу ва исто така патниот транспорт со околу 96%    - 98%, а железничкиот е застапен со
   околу 2%  - 4% од вкупно транспортираните товари во периодот 2019  -2022 година.

          Патниот возен парк во земјата постојано се зголемува за сите категории на моторни
    возила. Стапката на пораст на патничките автомобили помеѓу 2018 и 2022 година е со просек
   од 3,5% годишно. Возниот парк е прилично стар, особено патничките автомобили и
   автобусите и над 88% од нив се постари од 10 години. Степенот на моторизацијата во земјата,
   мерен според бројот на патничките автомобили на 1000 жители, е значително зголемен по
   2015 година и се должи главно на увоз на стари автомобили и моторни возила.

          Товарен сообраќај

        Од вкупниот товарен транспорт на Државата околу 20% е за комерцијални цели, а
   околу 80% е за сопствени потреби. Податоците за превоз на стоки покажуваат дека во 2022
   година значајно се зголемува товарниот патен транспорт (превезени 74,6 милиони тони или
   14 627 милиони тони/km, за разлика од годините на пандемијата кога е регистриран пад за
    6,6%, (од 69 на 65 милиони тони/годишно). Бројот на патници превезени во патниот
    сообраќај со автобуси во 2022 година изнесува 7,1 милиони, од кои 6,7 милиони патници во
   националниот и 0,4 милиони патници во меѓународниот сообраќај.

        Табела бр. 34 Просечен годишен дневен сообраќај за период од 2017  -2022 година  , Извор:ЈПДП

             Пат           2017         2018         2019         2020         2021         2022

            А1          5503         5597         9037         4340         5901         6009

            А2          6695         6909         8038         7447         9029         8554

            А3          3963         3996         4257         4077         4176         3873

            А4          4586         5307         8686         6245         7620         8402

3.5.1.3. Железничка инфраструктура и железнички сообраќај

          Костурот на железничката мрежа во Државата го сочинува мрежата на ЕУ Коридори
   (Коридорот 10 со кракот 10д и Коридор 8). Вкупната должина на железничката мрежа се
    состои од 699 km отворена пруга, 227 km станични колосеци, како и 102 km индустриски
    пруги. На јвисоки дозволени брзини на пругите за патување на возовите се до 120 km/час.

          Железничката линија на  Коридорот 10 започнува од граничниот премин Табановцe
    со Србија, продолжува преку Куманово, Скопје, Велес до Гевгелија и границата со Грција.
   Должината на оваа железничка линија изнесува 214,9 km и истата е во целост
   електрифицирана. Согласно категоризацијата на меѓун    ародна асоцијација на железници
    (Union International des Chemins de fer    -UIC ), оваа пруга спаѓа во категорија Д4, односно
   максималното осовинско оптоварување изнесува 22,5 тони, а максималниот линиски товар
   на еден метар должен кој делува на објектите на трасата изнесува 8 (т/м’).

          Железничката линија долж кракот на  Коридорот 10 -д започнува од Велес, поминува
   преку Прилеп, Битола и се поврзува со железничката мрежа во Грција во станицата
   Кременица. Должината на оваа пруга е 146 km. Оваа пруга не е електрифицирана, а спрема
    категоризацијата на UIC спаѓа во категорија Ц2, односно мак          сималното осовинско
   оптоварување изнесува 20 тони, а максималниот линиски товар на еден метар должен кој
   делува на објектите на трасата изнесува 6,4 (т/м’). На делницата помеѓу Битола и границата


                                                                                  92
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":113}>>>
