<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":112,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=112"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

од 50 km/h до 130 km/h. Регионалните патишта се поделени во три категории и тоа:

     -   Р1 прва категорија, највисоки возно -динамички карактеристики,

     -   Р2 втора категорија, задоволувачки возно -динамички карактеристики,

     -   Р29 патишта со најнизок ранг, кои не ги задоволуваат минималните карактеристики
       за регионален пат.

      Локална патна мрежа

       Локалната патна мрежа е со вкупна должина од 9788 km вон градски патишта. Во
однос на коловозната површина локалните патишта можат да се поделат во три категор    ии:
асфалтни, макадамски и земјани. Во 2022 година од вкупната должина на локалните патишта
786 km се со макадамски коловоз, а 411 km се земјани или непробиени делници. Ширината
на геометрискиот напречен профил на овие патишта е помала од 5,90 m. Во поголем  иот број
случаи геометриските елементи во хоризонтален и вертикален смисол значително
отстапуваат од граничните вредности кои се практикуваат на јавните патишта. Одржувањето
и управувањето со овие патишта е во надлежност на ЕЛС.

      Гранични премини

      Во Државата има вкупно 19 патни и 4 железнички гранични премини, од кои 17 се
официјални и се поврзани со државната патна мрежа, како основни точки за меѓународните
сообраќајни врски и економскиот развој на земјата. Тие обезбедуваат пристап до државните
и локалните патишта и претставуваат важни комуникациски коридори за превоз на стока и
патници. Покрај официјалните гранични премини, постојат и 2 мали гранични премини кои
се надоврзуваат на локалната патна мрежа.

    Табела бр. 33 Гранични премини , Извор: ДЗС

       Плански Региони                           Постоечки гранични премини
                                               Патни                        Железнички
    1  Вардарски                                                        -                                                       -
    2                       Рамна Нива А3 (Делчево)                                                      -
        Источен                                   21                              Клепало  Р1310 (Берово)
    3                         Ќафасан А2/Е852                                                                  -
                               Свети Наум Р501
        Југозападен
                               Блато Р1202
                            Џепиште Р1201
    4                       Ново Село А4                                Богородица
         Југоисточен            Богородица А1/Е75
                               Дојран Р1105
    5                         Меџитлија А3/Е65                          Жабени
        Пелагониски
                            Стење Р1307
    6                         Јажинце Р1203                                                                     -
       Полошки
                              Стрезимир Р113 (најблизок пат)
    7                        Деве Баир А2/Е871                            Табановце
                              Табановце А1/Е75
        Североисточен         Пелинце Р1207
                              Белановце 29272/Огут 2245 (локален)
                             Голема Црцорија 22 Р2250
    8   Скопски               Блаце А4/Е65                                 Волково





21 Клепало е изграден, но не е во функција
22 Премин кој работи времено и беше затворен за време на пандемијата, се наоѓа во општина Крива Паланка

                                                                               91
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":112}>>>
