<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":111,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=111"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   3.5. Инфраструктурни системи

 3.5.1. Сообраќај и сообраќајна инфраструктура

          Република Северна Македонија има поволна географска положба од аспект на развој
   на транспортот и транспортната инфраструктура затоа што се наоѓа во централниот дел на
    Југоисточна Европа низ кој поминуваат транспортни рути кои поврзуваат три континенти:
   Европа, Азија и Африка.

3.5.1.1. Трансевропска транспортна мрежа

          За нашата држава особено се значајни два коридори кои поминуваат низ
    територијата во државата (Коридор 10 и крак 10        -д и Коридор 8), кои се дел од
   Трансевропската транспортна мрежа (TEН    -T), усвоена во 1996 година, која ја сочинуваат
    патишта, железници, аеро дроми и инфраструктура за воден транспорт.

         Овие два коридори се вкрстуваат во регионот на Скопје. Главната оска на коридор 10
   е Салцбург -Љубљана -Загреб -Белград -Ниш-Скопје-Велес -Солун, а основната сувоземна
    траса на Коридор 8: Бари  – Драч – Тирана – Елбасан – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово
   – Скопје – Куманово – Крива Паланка – Ќустендил – Софија – Пловдив – Бургас.
        Во 2013 година TEН  -T мрежата е редефинирана со Регулативата на Европскиот
   парламент 1315/2013 19 како „основна (главна) мрежа“, која го носи најважниот патнички и
    стоков транспорт и „сеопфатна мрежа“, која обезбедува пристап до основната мрежа. Новите
   9 ТЕН -Т коридори се протегаат преку териториите на државите членки, но се предвидува да
    се прошират кон соседните земји, а за земјите од Југоисточна Европа се предвидува
   приклучување на Ориент/Исток    – Мед коридорот. За Република Северна Македонија
   сеопфатнат а патна мрежа има должина од 850 km, а основната мрежа на патишта се состои
   од 513 km кои поминуваат низ територијата на државата. Сеопфатната/основната
   железничка мрежа во државата ги опфаќа железничките линии од Коридорот 10, 10д и 8,
   како и врската меѓу    граничниот премин Скопје  -Косово. Основната мрежа има вкупна
   должина од 268 km и ги опфаќа железнички линии на Коридорот 10 и источниот дел на
   Коридорот 8.

3.5.1.2. Патна мрежа и патен сообраќај

         Државна Патна мрежа

          Патната мрежа на Република Северна Македонија во 2022 година ја сочинуваат 15170
   km патишта од кои 897 km се магистрални, 3794 km се регионални, а останатите 9788 km се
   локални патишта. 20 Согласно националната класификација околу 558 km од магистралните
   патишта се дел од европската патна мрежа, ( „Е”- патишта). Поставеноста на целата мрежа на
    јавни патишта е со ориентација кон магистралните коридори (А1, А2, А3 и А4), кои
    претставуваат главни артерии на сообраќајот преку кои транспортот се одвива од
   најширокиот патен профил со најголем капацитет до     најтесниот пресек со најмал дневен
    проток. Одржувањето на државните (магистрални и регионални) патишта е во надлежност
   на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Јавното претпријатие      „Македонија
    пат”. Автопатиштата кои се експлоатираат во моментов се со вкупна должина од 330 km и се
    со 5 различни геометриски напречни профили према кои регулирањето на брзината варира



      19 https://publications.europa.eu/resource/cellar/f277232a   -699e -11e3-8e4e -01aa75ed71a1.0006.01/DOC_1
      20 Извор: ЈПДП и ДЗС   - Плански развој по региони

                                                                                  90
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":111}>>>
