<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":109,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=109"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Освен Вардарскиот плански регион каде има намалување на бројот на легла за
повеќе од 10% и бројот на соби за повеќе од 3%, во сите останати плански региони во
изминатите 10 години е регистриран пораст на капацитетот, кој е најголем во Скопскиот
(скоро 58%) и Полошкиот со 23,34%. Најмал пораст од само 4,34% кај бројот на легла и 5,7%
кај бројот на соби има во Југозападниот плански регион кој остварува најголем број на
ноќевања. Тоа укажува на фактот дека сè уште не е достигнато заситување на бројот на
ноќевања, според бројот на расположливи капацитети на легла и соби. Порастот на бројот на
соби и легла е со слични вредности за периодот 2012  -2022 година.

      Просечниот пораст на бројот на соби на национално ниво е 11,4% за периодот 2012     -
2022, а на легла 9,2%, што упатува на заклучок дека се градат соби со помал број на легла,
односно во поквалитетен вид на сместување како што е хотелското.





                                                                               89
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":109}>>>
