<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":108,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=108"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   туристичко место. Од домашните туристи најпосетени се езерските места со учество од
   42,25% во 2012 до 57,93 во 2020 година, а најмалку посетени бањските (4,13% во 2012 година
   и 4,86% во 2014). Градот Скопје е втор според посетеност со учество од 22,     97% во 2012
   година до 30,82% во 2022 година. Домашните и странските туристи имаат различни
   преференции за посета на различните туристички места. За домашните туристи
   најатрактивни се езерските места, на второ место се планинските или други места. Скопје
   како главен урбан и административен центар континуирано го зголемува своето учество во
   бројот на пристигнати туристи.





      График бр. 3 Распределба на странски туристи според места на посетеност 2012   -2022, Извор: ДЗС

          За странските туристи, најатрактивен за посета е градот Скопје, како и езерските
   места. Во анализираниот период од 10 години, најмногу туристи пристигнале од Турција
   (800.715 туристи или 16,43% од вкупниот број), Србија (462,491 туристи или 9,49%), потоа
   следуваат туристите кои доаѓаат од Грција, Бугарија и Холандија.

       Табела бр. 32 Капацитети за сместување по плански региони    , Извор: ДЗС

                    2012    2013    2014    2015    2016    2017    2018     2019    2020     2021    2022    Промена
                                                                                          %

ВПР       соби        689      690       666       675      699       697       719       663       673       630       649        -3,8%

           легла       1829     1819      1677     1696      1818      1792      1841      1748      1792      1617     1644         -10,2

ИПР      соби         599      620       637       641      669       718       735       734       734       694       694       22,5%

           легла       1721     1826     1869      1894      1985     2075      2090      2088      2088      1889      1889        9,7%

ЈЗПР      соби       16035    16050     16304     16370     16472    16488     16862     16943     16934      16911    16950         5,7%

           легла      41458     41411    42025     41917    42105    42220     43148     43312    43196      43170     43259         4,3%

ЈИПР      соби       2298     2346      2374     2404      2443     2450      2457      2467      2611      2623      2550         7,4%

           легла      6088     6298      6277      6316     6438      6449      6436      6367      6748      6727      6567        7,8%

ППР       соби        3497     3322      3431     3386      3417     3414      3629      3666      3652      3668      3668         4,8%

           легла      10310    10001    10055     9993     10078     10203     10741    10846     10812     10850     10840         5,1%

ПОПР     соби        1014     1072      1111     1128      1142      1142      1267      1240      1230      1219      1259       22,3%

           легла       3059      3153     3330      3443     3507     3503      3806      3769      3743      3699      3773       23,3%

СПР       соби        306      300       298       315      361      388       380       381       381       322       354       24,5%

           легла        653      647      648       673       727      778       763       763       763       674       777       18,9%

СКПР      соби        2439     2487      2601     2893      3102     3462      3653      3839      3849      3991      3972       57,4%

           легла       5169     5142     5344     6089      6510      7237      7733     8049      8045      8281      8162       57,9%

 Вкупно   соби      26877    26887     27422     27812    28305     28759     29702     29933     30064     30058     30096        11,4%

 РСМ
           легла      72299    72310    73239    74036     75184    76274     78576     78961     79207     78928     78933        9,2%

         Со најголем капацитет на легла во 2022 располага Југозападниот плански регион
   (54,80%), потоа Пелагонискиот (13,73%) и Скопскиот (10,34%). Најмал капацитет има
   Североисточниот плански регион (0,98% од вкупниот).


                                                                                  88
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":108}>>>
