<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":104,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=104"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

обезбедува стимулации за развој во овие зони, дополнувајќи ги вообичаените придобивки
поврзани со слободните економски зони.

      Во рамки на осумте плански региони се лоцирани вкупно 15 технолошко -индустриски
развојни зони:

      ·   Скопскиот плански регион има три слободни зони: ТИРЗ Скопје 1, во која активно
       делуваат 14 компании, претежно од автомобилската индустрија ТИРЗ Скопје 2, со 7
       активни компании, претежно од автомобилската индустрија и ТИРЗ Скопје 3, која
       треба да претставув   а прва високотехнолошка зона фокусирана на напредни
       технолог ии;

      ·   Во Североисточниот плански регион е лоцирана ТИРЗ Ранковце, во близина на
       граничниот премин Деве Баир, со директна патна врска со планираниот автопат од
      Коридор 8 (Куманово – Крива Паланкa);

      ·   Источниот плански регион има четири технолошко  -индустриски развојни зони: ТИРЗ
      Штип, ТИРЗ Виница, ТИРЗ Делчево и ТИРЗ Берово. ТИРЗ Штип е најголемата зона
      лоцирана северозападно од градот Штип, во која активно делуваат три компании за
       производство на произ  води наменети за автомоби   лската индустрија, технички
       текстил и топлотни разменувачи за бојлери, а ТИРЗ Берово најмалата зона;

      ·   Југоисточниот плански регион има три зони: ТИРЗ Радовиш, ТИРЗ Струмица и ТИРЗ
        Гевгелија. Во ТИРЗ Струмица активно работи една компанија која произведува
      автомобилски седишта, инструмент табли и внатрешни ентериери. ТИРЗ Гевгелија
       треба да биде првата зелен а зона на Балканот, која се наоѓа во близина на граничниот
      премин Богородица. Со изградбата на оваа зона се очекува усогласување со зелената
       агенда за Западен Балкан донесена во 2020 година односно нула емисии на
       стакленички гасови до 2050 година;

      ·   Во Пелагонискиот плански регион е лоцирана само една технолошко     -индустриска
       развојна зона  - ТИРЗ Прилеп, во која активно оперираат три компании од кои две
       произведуваат компоненти за потребите на автомобилската индустрија, а една
      компанија е фокусирана на производство на електрични апарати;

      ·   Во Југозападниот плански регион се лоцирани две слободни зони        - ТИРЗ Струга и
      ТИРЗ Кичево. Во ТИРЗ Струга е отпочната постапка за изградба на две фотонапонски
      централи во јавно -приватно партнерство. ТИРЗ Кичево е поделена на два дела, од
       двете страни на ре  гионалниот пат кој ги поврзува Кичево и Македонски Брод. Во
       зоната активно оперира една компанија за производство на надувувачи, воздушни
      перничиња, волани и безбедносни појаси за автомобили и

      ·   Во Полошкиот плански регион е лоцирана една слободна зона             - ТИРЗ Тетово,
      лоцирана на 3 km источно од градот Тетово непосредно до автопатот Е          -65, со
      директна конекција со главниот град на државата. Ова е единствена зона во која
      функционира јавно   -приватно па  ртнерство помеѓу државата и норвешко              -
      македонскиот козорциум НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРОУП. Во зоната активно работат
      3 компании кои се занимаваат со производство на опрема за автомобилска
       индустрија.





                                                                               85
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":104}>>>
