<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":100,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=100"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  3.3. Економски развој

         Нашата држава има релативно мал пазар, а се грани со неколку релативно мали и
   економски недоволно развиени држави. Случувањата на глобално ниво во последните
   неколку децении имаа свој придонес во интензивирање на колизиите и диспропорциите во
   економскиот и  просторниот развој. Националната економија не успеа да ја надмине
   релативно големата увозно -извозна зависност и високата технолошка заостанатост, што има
   соодветна рефлексија врз нејзините перформанси, ниската факторска продуктивност,
   односно недоволната ефикасност, профитабилност и акумулативност.

 3.3.1. Просторно -економски карактеристики

         Диспропорциите во економската сфера се одразуваат врз социјалниот             и
   регионалниот развој. Во рамките на постојната административно територијална поделба,
   голем е бројот на општините со карактер на недоволно развиени. И покрај очекувањата,
   процесот на фискална децентрализација сèуште не ги дава очекуваните резултати. Факто      т
   што голем број општини немаат капацитет за исполнување на своите основни
   функции/надлежности, упатува на тешкотијата за креирање соодветна политика на
   регионален развој, компатибилна со соодветната политика на ЕУ.

         Основните економски индикатори покажуваат дека во периодот после 2010 година
   во РСМ е остварено одредено ниво на економски развој и структурни промени на
    стопанството, но истите се проследени со сериозни промени во демографската сфера, од кои
    најзначајна е забележителниот пад на резидентното население, како резултат на влијанието
   на неколку фактори, од кои како најсилни се издвојуваат миграцијата и нискиот природен
   прираст. Континуираниот нагорен тренд на стапката на вработеност, од 38,7% во 2010 година
   на  45,4% во 2023 година и соодветно, значителното намалување на стапката на
   невработеност од 32% во 2013 година, на 13,1% во 2023 година се индикатори за значително
   подобрување на перформансите и карактеристиките на пазарот на труд. Сепак, стапката на
   активно ст, не забележува позначителни подобрувања (55    -57 % во периодот 2010   -2022
    година), што упатува на заклучок за неискористен потенцијал, односно значителен обем на
   работна сила која може да биде интегирана на пазарот на труд.

         Нивото на БДП по глава на жител, забележува позитивен тренд на пораст
   достигнувајќи максимум во 2023 година од 6.350 УСД. Што се однесува до стапката на бруто
   формирање капитал, како еден од најзначајните показатели за нивото на инвестициите, таа
   во 2022 г одина го достигнува нивото од 23,9% од БДП.

3.3.1.1. Структура, развој и разместеност на економските дејности

         Иако индустријата останува значаен сектор на македонската економија, нејзиниот
   релативен удел е умерен и во опаѓање во споредба со растечкиот услужен сектор. Силниот
   раст на услугите сугерира структурна транзиција, при што економијата сè повеќе зависи од
    трговијата, финанските и другите услуги, што го рефлектира поширокиот регионален тренд.
   Овој премин укажува на можностите за зајакнување на преработувачката индустрија со цел
   да се балансира економската диверзификација, притоа искористувајќи ги придобивките    од
   проширениот услужен сектор. Оттука, секторот на преработувачка индустрија во Македонија
   демонстрира потенцијал за раст, иако тековните податоци упатуваат на умерени
   перформанси во споредба со земјите од регионот. Зголемувањето на индустриското
   производство може дополнително да ја диверзифицира националната економија и да ја



                                                                                  81
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":100}>>>
