<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":98,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=98"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Во голем број на општини, во состав на домовите за култура и   /или во општинските
згради, функционираат повеќе   дејности од областа на културата    како што се:  театарска,
музичка, танцова, кинотечна, музејска, библиотечна, галериска  , изложбена и други дејности.

      Спорт и рекреација

       Спортските објекти може да се класифицираат како: рекреативни спортски објекти,
наменети за индивидуална или организирана рекреација на населението и натпреварувачки
спортски објекти  - за тренинг натпревари на спортисти и спортски екипи на национално и
меѓународно ниво. Распоредот на спортските објекти зависи од критериумите за просторна
дистрибуција и демографските показатели. Овие објекти претставуваат значаен ресурс кој
придонесува за развој на спортот и севкупниот развој, како и за здрави навики и начин     на
живеење.

      Мрежата на   спортски и рекреативни објекти      е незначително  зголемена  во
последната  декада и ја сочинуваат 43 спортски сали, 55 фудбалски игралишта, 82
повеќенаменски игралишта, 48 тениски терени, 17 фитнес зони, 9 затворени базени и 3
куглани 18.

       За организација на спортски активности се користат повеќенаменски терени, како и
сали во образовните институции (училишни сали). Фудбалски терени има речиси во сите
поголеми рурални населби. Одржувањето на спортските терени не е на задоволително ниво
и за дел од нив е неопходна санација и реконструкција.





18 Извор на п одатоци од Агенцијата за млади и спорт

                                                                               80
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":98}>>>
