<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":97,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=97"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

       Култура

       Културната дејност во   Република С.  Македонија, се извршува во 66 национални
институции во 20 единици на локалната самоуправа   , согласно податоци од 2022 година   17.

      Мрежата на национални установи на културата    е составена од културни центри,
театри, музички и музичко   -сценски установи и фестивали/манифестации, уметнички
галерии, музеи, спомен-куќи, конзерваторски центри, заводи за заштита на спомениците на
културата, археолошки локалитет и, библиотеки, кинотеки и кина, како и културно -уметнички
друштва и фолклорни ансамбли.

       Табела бр. 29 Национални установи на културата во Република Северна Македонија

        Град                          Националн и установи на култура та
  1.   Скопје           24 установи: • 7 театри; • 6 музеи, • галерија; • библиотека; • 2 спомен куќи, • 4
                        институции кои се занимаваат со музичко -сценска и фолклорна дејност,  • 2 установи за
                        заштита на културното наследство и  • 2 кина
  2.   Битола           5 установи: • културен центар, • театар, • музеј, • библиотека • установа за заштита на
                     недвижно културно наследство со музеј
  3.   Велес             културен центар
  4.   Гостивар         3 установи: • театар, • културен центар и • установа за заштита на културно наследство

  5.   Градско           локалитет Стоби

  6.   Дебар            културен центар

  7.   Делчево          културен центар

  8.    Гевг елија         музеј
  9.   Кичево           2 установи: • културен центар и • музеј

  10.  Крива Паланка    културен центар
  11.  Крушево         3 установи: • музеј, • спомен куќа и • установа за култур а која се занимава со
                         организација на манифестации
  12.  Неготино         културен центар

  13.  Охрид           4 установи: културен центар; библиотека;  Завод за заштита на спомениците на културата
                     и Музеј - Охрид, фестивал
  14.  Прилеп          2 установи: • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј
  15.  Струга           3 установи: • музеј, • културен центар и • установа за организација на фестивал
  16.  Струмица         2 установи: • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на култура и  Музеј
  17.  Тетово           6 установи: • културен центар, • театар, • библиотека, • галерија и • 2 музеја
  18.  Штип            3 установи: • библиотека, • културен центар и • Завод за заштита на спомениците на
                         културата и Музеј  - Штип
  19.  Свети Николе      музеј

  20.  Демир Капија      музеј

Извор: Нацрт Стратегија за развој на културата на  РСМ 2023 -2027

      Мрежата на објекти на локалните установи         ја сочинуваат  следните културни
установи : Културно -информативен центар,  Младински културни центар,  Детски културен
центар, Дом на културата и  Партизански дом во Скопје, Домови на културата во Берово,
Валандово, Виница, Неготино, Гостивар, Демир Хисар, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци,
Кратово , Крушево, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип    , Радовиш, Ресен, Свети Николе   ,
Ново Село –Струмица , Домови за млади во Струмица и Штип и  Работнички универзитети во
Кичево и Гевгелија.

       Резултатите од спроведената анкета на локално ниво, укажуваат дека центрите за
култура во помалите населени места и руралните населби се претежно во лоша состојба или
не се во функција (на пр. општините Богданци, Валандово, Конче, Радовиш    , Зрновци и др.).




17 Нацрт -Стратегија за развој на културата на РСМ, 2023  -2027

                                                                               79
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":97}>>>
