<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":93,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=93"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

на овие ученици во редовните основни училишта, поради што дојде до намалување на бројот
на овие училишта (во учебната 2018/2019 година имало 43 училишта со 789 ученици).

      Основното образование за возрасни е организирано во 12 училишта кои во
2022/2023 година биле посетени од 387 лица.

      Во рамките на истражувањето и прашалниците доставени до општините недостиг на
простор во училиштата наведуваат осум од четиринаесет општини кои доставиле одговори
и тоа: Богданци, Босилово, Василево, Кривогаштани, Теарце, Ранковце, Гази Баба и Чаир.

      Средното образование  во Република Северна Македонија е задолжително за секој
граѓанин под еднакви услови од учебната 2007/2008 година, согласно Законот за средно
образование. Во учебната 2022/2023 година, во 129 редовни средни училишта во Државата,
настава следеле 69.227 учен  ици, од кои 1.755 ученици (2,5%) посетувале приватни средни
училишта.

      На подрачјето на градот Скопје работат вкупно 34 редовни училишта во кои учат
повеќе од една третина од средношколците во Државата (24.615 ученици). Во последните пет
години регистрирано е намалување на бројот на средни училишта кое е најголемо во
Источниот и Североисточниот регион (по 11%). За лица со  пречки во психофизичкиот р азвој
во функција се четири средни училишта (три во Скопје и едно во Штип), во кои во учебната
2022/2023 година учеле 244 ученици.

    Табела бр. 27 Број на средни училишта, ученици и професори, Извор: ДЗС

    Подрачје                  Училишна 2018/2019                        Училишна 2022/2023

                          Број на          Број на         Број на        Број на        Број на          Број на
                      училишта        ученици      професори    училишта      ученици       професори

   РСМ                       132           71.650           7.479          129          69.277             7.047

    Вардарски                   11            4.483           469            11           4.373             441

    Источен                     14            5.462           668           14           4.866             633

    Југозападен                  14            6.789           819           14           6.429              741

     Југоисточен                  9            4.703           463            8            4.311             442

    Пелагониски                20             7.933           869           20           7920             822

    Полошки                    19            11.110          1.367           17          10.609              1.257

    Североисточен               10             6.517           616           10           5.795             547

    Скопски                     34           24.100           2.170           34          23.391             2.110

      Високото образование во Република Северна Македонија се реализира на три нивоа:
основни, магистерски и докторски студии, односно прв, втор и трет циклус на студии. Во
земјава има шест државни универзитети: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“     - Скопје (со 24
факултети), Универзи  тет „Св. Климент Охридски“     - Битола (со 10 факултети), Тетовски
универзитет (со 11 факултети) универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (со 14 факултети),
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“    – Охрид (со четири
факултети) и Универзите т „Мајка Тереза“ – Скопје (со пет факултети). Покрај државните, има
и десет приватни универзитети, еден колеџ и три стручни училишта.

      Во учебната 2021/2022 година на 134 факултети се запишани 51.582 студенти на
додипломски студии, а 719 студенти посетувале високи стручни училишта      15. Во последните
неколку години бројот на студенти е речиси ист (околу 51.000), додека на почетокот и
средината на последната деценија евидентен е пад на бројот на студенти. Во учебната
2021/2022 година во РСМ на додипломски студии се запишале 47.713 студен    ти (граѓани на
РСМ), од кои 41.024 (86%) на државните факултети и високите стручни училишта, 6.333


15 Запишани студенти на додипломски студии, 2021/2022 година, ДЗС, 2022 година

                                                                               75
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":93}>>>
