<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":92,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=92"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

3.2.3.2.  Јавни функции

           Јавните функции претставуваат рамка за остварување на социјални и културни права
    кои Државата им ги обезбедува на граѓаните, а се загарантирани со Уставот на Република
    Северна Македонија и ратификуваните меѓународни конвенции.

           Јавните функции овозможуваат општествено еднакви можности за развој и
    дејствување и ги дополнуваат основните потреби на населението. Тие претставуваат група
    на активности и простори кои се од исклучително социјално значење за населбите, бидејќи
   овозможуваа т заедничко користење и престојување на одредена група на луѓе на одредена
    територија. Јавните функции се неопходен услов за еднаквост на граѓаните и клучен
   механизам во борбата против социјалната дискриминација и социјалната исклученост.

         Во просторното планирање јавните функции се анализираат од аспект на
    просторната достапност за граѓаните, имајќи предвид дека тие се од фундаментално
   значење за индивидуалниот развој на граѓаните, нивната економска положба и социјалната
    благосостојба.

           Јавните услуги во Република Северна Македонија, воглавно се карактеризираат со
    недостатоци/слабости како што се разликата во квалитетот и просторната достапност на
    услугите помеѓу урбаните и руралните средини, недостаток на алтернативни извори на
   финансирањ е со што главен извор на средства за јавните функции е буџетот, како и слаба
    соработка помеѓу локалните власти и организациите од граѓанскиот сектор.

         Во групата на дејности од јавниот домен спаѓаат: образование (основно, средно и
    високо), социјална заштита, здравство, наука, култура, државни институции (управни и
    правосудни), верски институции, како и заштита на спомениците на културата.

          Образование

          Основното образование  во Република Северна Македонија, согласно Законот за
    основно образование, трае 9 години и е организирано во редовни основни училишта,
    специјални основни училишта за ученици со пречки во психофизичкиот развој и основни
   училишта за возрасни кои овозможуваат   стекнување основно образование за лица над 15
    години.

          Условите и квалитетот на   основното образование   се изразено нееднакви, што е
    последица на различната опременост на училиштата, просторните капацитети, придружните
    простории и содржини. Работата во две смени е најчестиот начин за организирање на
    наставата во повеќето основни училишта. Од организациски а    спект, постојат централни и
   подрачни училишта каде наставата се организира само за пониските одделенија. Анализата
    укажува дека подрачните училишта значително заостануваат зад матичните училишта во
   однос на наставни простории и комунална опрема (библиотеки, кујни, канцеларии, санитарни
    јазли итн.).

         Во последните пет години (учебна 2018/2019    - учебна 2021/2022) бројот на матични
   училишни објекти е незначително зголемен   - вкупно пет (од 341 на 346), од кои четири се во
    Скопскиот регион. Во исто време, бројот на подрачните училишта е намален за 26 (од 6  46 на
    620), но сепак овие објекти  доминираат во мрежата на основни училишта    - тие сочинуваат
    речиси две третини од објектите. Во истиот период (2018  -2022) е намален бројот на ученици
    во основните училишта за 3.003 ученици (од 188.102 на 185.099  ).

           Наставата за ученици со пречки во психофизичкиот развој се организира во 35
    посебни основни училишта, од кои 10 се во Скопје, каде во учебната 2022/2023 година
    настава следеле 610 ученици. Во последните години е воспоставена пракса на вклучување


                                                                                   74
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":92}>>>
