<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":91,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=91"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                                             Површина на урбано        Станбена густина
              Град              Станови 2021  г.
                                                    подрачје на градот (ha)      2021 г. (станови/ha)
   Македонска Каменица                  1788                       200                       9
    Свети Николе                           4514                       727                      6
   Демир Хисар                           1100                       162                      7
   Кавадарци                            11580                       872                      13
   Кичево                               12435                       1433                      9
   Валандово                             1768                        181                     10
    Струга                                 7154                       856                       8
   Делчево                               3908                        454                      9
   Демир Капија                          1423                       196                       7
    Кратово                               2852                        235                      12
   Кочани                               13686                       1039                      13
   Прилеп                              28949                       1917                     15
    Неготино                              5185                       369                      14
   Берово                                4153                       367                      11
    Пехчево                               1416                       173                      8
    Битола                               33367                       2573                      13
   Куманово                             27179                      3506                       8
    Велес                                 15612                       1107                     14
   Пробиштип                            4654                        278                      17
   Радовиш                               6521                       375                      17
   Македонски Брод                       1322                        83                      16
    Ресен                                 3516                       298                      12
    Гостивар                              13642                        718                     19
    Тетово                               22559                       1117                    20

      Во изминатиот 15 -годишен период (2008 -2022 година) во РСМ се изградени вкупно
34.618 станови, од кои 94% се во приватна сопственост. Најголем дел од новоизградените
станови се во Скопје (61,5%) и општините со градски населби: Струмица (9%), Охрид (5%) и
Куманово и Битола со по 3,6%.

      Во поглед на опременост на становите со инсталации во 2021 година, највисок е
степенот на приклучување на становите на електрична мрежа (96%) и на јавен водовод
(89%). Најголем дефицит има во снабдувањето со јавна канализација. На ниво на РСМ дури
25% од в купниот број станови немаат приклучок на јавна канализација. Од општините со
градски населби, најлоша е состојбата во Демир Хисар, каде 66% од становите не се
приклучени на јавна канализација. Централно (парно) греење     имаат само околу 1/3 од
становите во РСМ, а учеството на становите со инсталација за соларни колектори едвај
надминува 10% на национално ниво. Во вкупната структура, дури 11% од становите во РСМ
немаат тоалети.

      Во 2021 година од вкупниот станбен фонд, (839.174), само 0,6% (4.644) се станови во
сопственост на Државата. Просторно, тие се лоцирани во градовите: Скопје, Битола, Охрид,
Прилеп, Кичево, Кочани, Куманово, Штип, Кавадарци, Струмица, Тетово и Велес. Најго    лем
број државни станови има во Скопје (1.796), т.е. околу 39% од сите станови се наменети за
непрофитно домување. Проектот за реализација на социјално домување, кој започна во 2009
година, со кој е предвидено обезбедување на домување за социјално чувствит   елните групи
на население, до 2020 имаше реализација од 23%, а до 2023 година се изградени 18 згради
со 842 станови, 6 објекти со 438 станови, 5 се во подготовка            , а еден објект е во тек на
изградба. 14



14 Годишен извештај за работењето на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор
од значење за Републиката за 2022 година

                                                                               73
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":91}>>>
