<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":90,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=90"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                         Вкупно станови, 2021. година (податоци по општини со седиште во градски населби)

                         Број на         Корисна        Просечна површина на   % населени   % ненаселени
                        станови      површина (m 2)            стан (m 2)            станови         станови

    Тетово                   30.167            4.095.395                      136            68               32

   Штип                    22.590             1.702.757                       75            69               31

       Просечната големина на становите во РСМ е 99 m      2. Повеќе од 1/3 од становите се
ненаселени (попис од 2021 година). Според учеството на населени станови во вкупниот број,
се издвојуваат општините: Велес (78%), Валандово и Богданци (77%), додека најмногу
ненаселени станови имаат општините: Демир Хисар (64   %), Берово (57%), Македонски Брод
(55%) и Пехчево (54%).

      На ниво на РСМ, просечниот број на жители по населен стан во 2021 година бил 3,5,
односно во просек 1,1 домаќинство/стан. Покрај демографските причини (негативен
природен прираст и негативно миграциско салдо), суфицитот на станови во РСМ генерално
се објас нува со експанзијата на градежништвото во делот на изградба на станбени објекти,
кое е непропорционално со потребите на населението за постојано домување. Пазарот на
домување и изградбата на нови станбени единици се препуштени на приватниот сектор         -
инвеститори, што само делумно го решава станбеното прашање и потребите на населението.

      На ниво на РСМ, од вкупно 533.659 станови, 526.350 се во станбени згради, 7.181 се
во нестанбени згради, 93 се во станбени згради за институционално домување и 35 се во
категоријата „други“. На ниво на град Скопје, од вкупно 89.569 станови, поголемиот дел,
односно 88.534, се во рамките на станбени згради.

       Интензитетот на станбена изградба и структурата на домување во рамките на градот
се оценува преку параметарот станбена густина, односно број на станови изградени во
градскиот урбан простор или негов дел. Овој показател овозможува анализа на просторната
распределба на домувањето и служи како основа за оценка на урбаната морфологија,
инфраструктурните потреби и социјалната структура на населението.

       За разлика од густината изразена во жители на хектар, која зависи од бројот на лица
што живеат во становите, станбената густина е постабилен параметар што ја мери
концентрацијата на објекти за домување во просторот. Повисоките вредности на станбена
густина  укажуваат на интензивна употреба на просторот, што овозможува економска
ефикасност и подобра пешачка поврзаност, но бара внимателно планирање на јавните
простори и зеленилото. Ниските вредности, пак, се карактеристични за периферни зони и
приградски насел би, каде преовладува индивидуалното домување и се зголемува потребата
од моторизиран транспорт и инфраструктура со поголеми трошоци по жител.

       Најголема станбена густина во Државата се забележува во градот Охрид со 21
станови/ha, а најмала вредност градот Богданци кој има 5 станови/ha.

    Табела бр. 26 Станбена густина (станови/ha)

                                             Површина на урбано        Станбена густина
              Град              Станови 2021  г.
                                                    подрачје на градот (ha)      2021 г. (станови/ha)
   Охрид                                26153                      1230                      21
   Струмица                             16777                       899                      19
   Дебар                                 4454                       490                       9
   Богданци                              2131                       388                       5
   Крушево                               1933                        174                      11
   Крива Паланка                         6590                        649                      10
   Штип                                20495                       2292                       9
    Гевгелија                              7014                       887                      8
    Скопје                              179386                      8790                      20
   Виница                                3547                       491                      7


                                                                               72
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":90}>>>
