<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":87,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=87"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

дека е одлика на менталитетот на јужно    -европскиот регион, а моменталната состојба и
димензија на феноменот е резултат на децениското запоставување и избегнување на
решавање на проблемот. Причините за појавата на овој феномен се многубројни, главно во
сфера та на севкупните општествени услови, како што се прашањата за добросостојба,
неизвесност, политичките и економските состојби.

       Бесправната градба генерално може да се класифицира во три категории:

      ·   Нехигиенски сиромашни населби, целосно непогодни за живот;

      ·   Населби со бесправно изградени објекти, најчесто на периферијата на градовите и на
       земјоделско земјиште, солидно изградени со поголема квадратура (но со
       дискутабилна статика на објектите, конструктивни елементи и употреба на
       материјали, без проект), при шт  о најголем проблем е несоодветната сообраќајна
      мрежа и инфраструктура, како и отсуството на јавни услуги;

      ·   Индивидуални објекти без одобренија или со истечени одобренија за градење, како и
      несоодветни надградби и доградби на објекти.





                                                                               70
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":87}>>>
