<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":85,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=85"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план


                 Град                Жители        Површина на урбано      Урбана густина
                                                (2021г.)        подрачје на градот (ha)        2021г. (ж/ha)
     Крива Паланка                          13481                       649                 21
     Штип                                 42000                      2292                 18
      Гевгелија                               15156                       887                 17
      Скопје                               422540                      8790                 48
     Виница                                 8584                       491                17
     Македонска Каменица                   4368                       200                 22
      Свети Николе                           11728                       727                16
     Демир Хисар                            2431                       162                15
     Кавадарци                             32038                       872                37
      Кичево                                23428                       1433                16
     Валандово                              3671                       181                20
      Струга                                 15009                       856                 18
     Делчево                                9644                       454                21
     Демир Капија                           2643                       196                13
      Кратово                                 5401                       235                23
     Кочани                                24632                      1039                24
     Прилеп                                63308                       1917                33
      Неготино                              12488                       369                34
     Берово                                 5850                       367                16
      Пехчево                                 2471                       173                14
      Битола                                69287                       2573                27
     Куманово                              75051                      3506                 21
      Велес                                 40664                       1107                37
     Пробиштип                             9760                       278                35
     Радовиш                               14460                       375                39
     Македонски Брод                        3643                        83                44
      Ресен                                  7904                       298                 27
      Гостивар                               32814                       718                46
      Тетово                                 63176                       1117                57

       Густината на населеност претставува суштински индикатор за проценка на степенот
на урбанизација, квалитетот на живеење и ефикасноста на користењето на просторот.
Анализата на овој показател овозможува подобро разбирање на динамиката на урбан раст,
потребит е од инфраструктура и јавни услуги, како и потенцијалите за одржлив урбан развој.
Во контекст на урбанистичкото планирање, густината на населеност се анализира на
различни просторни нивоа: на ниво на град, општина, урбана зона или плански блок. За
добивање на реална слика за урбаната густина, при урбанистичкото планирање на градовите
треба да се користи само во изграденото подрачје, односно зоната во која се концентрирани
станбените, деловните и јавните функции. Вклучувањето на ненаселени или рурални
површини може да доведе до значително искривување на резултатите.

      Во урбанистичката теорија и практика се прави разлика помеѓу неколку вида густина:

    1.  Бруто густина (Gross density)  – однос помеѓу бројот на жители и вкупната површина
      на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори.

    2.  Нето густина (Net density)  – однос помеѓу бројот на жители и површината што реално
      е наменета за домување (без улици и јавни простори).

    3.  Комбинирана урбана густина  – вклучува и население и број на работни места или
      функции по единица површина, за да се прикаже целокупниот интензитет на
      користење на просторот.





                                                                               68
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":85}>>>
