<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":84,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=84"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр.  10 Сообраќајна достапност на општинските центри во однос на 15      -минутни и 30  -
    минутни изохрони

      Во рамките на 30 -минутната изохрона, најголем број на населени места потенцијално
се интегрирани од центрите: Свети Николе, Куманово, Скопје, Штип, Гостивар и Велес, додека
најголем број жители се опфатени во изохроната околу центрите на Свети Николе (6561     13),
Тетово (605467), Куманово (554840), Скопје (320614) и Гостивар (208789).

       Спроведената анализа јасно укажува на големото значење на сообраќајната
инфраструктура за просторна интеграција, особено кога станува збор за 30          -минутни
растојанија. Центрите со поволна сообраќајна положба, лоцирани во близина на
автопатиштата, имаат преди спозиција за интеграција на територија значително поширока од
административната. Центрите во близина на Скопје (Тетово, Гостивар, Куманово, Свети
Николе и Велес) имаат можност за развој на други функции, особено во економија, транспорт
и логистика, туризам итн.

      Со методот на екстраполација на податоците за бројот на жители и урбаните опфати
на градските населби, определен е урбанистички параметар дефиниран како густина на
населеност - урбана густина, како еден од основните показатели за карактерот и структурата
на урбаното ткиво. Тој овозможува проценка на степенот на искористеност на просторот во
рамките на градските и урбанизираните подрачја. Урбаната густина се изразува како број на
жители на единица површина. Најголема урбана густина во Државата има градот Тет   ово (57
ж/ha), а најмала градовите Богданци и Пехчево (14 ж/ha).

    Табела бр. 24 15 Урбана густина во 2021 година (жители/ha)

                 Град                Жители        Површина на урбано      Урбана густина
                                                (2021г.)        подрачје на градот (ha)        2021г. (ж/ha)
     Охрид                                 38818                      1230                32
     Струмица                              33825                       899                 38
     Дебар                                  11735                      490                 24
      Богданци                               5244                       388                 14
     Крушево                                4104                       174                24

                                                                               67
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":84}>>>
