<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":83,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=83"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план





    Слика бр. 9 Степен на урбанизација во 2021 година

      Во 2021 година во општини со рурален центар живеат 320.088 жители, односно
нешто помалку од 20% од вкупното население на РСМ. Нивниот развој е ограничен во голема
мера од географска локација и природните услови, бидејќи голем дел од нив се наоѓаат во
слабо  достапни ридско  -планински области. Поголемиот дел од овие општини се
карактеризираат со голем број населени места со мал број на жители, негативни
демографски движења, недоволна инфраструктурна и комунална опременост и други
развојни проблеми.

       Потенцијалот на градските центри за интеграција на поширок простор од
административниот се анализира преку индикаторот за сообраќајна пристапност. Анализата
ја опфаќа сообраќајната достапност на 34 градски центри со патнички автомобил во 15           -
минутни и 30 -минутни изохрони. Податоците за бројот на жители се однесуваат на Пописот
од 2021 година, додека за податоците за патната мрежа се користени отворени податоци од
јавно достапната база на податоци Open street map. Од вкупниот број населени места (1728),
дури 198 населби (околу 11%), во кои живеат околу 12930 жители, не спаѓаат во зоната на
влијание на ниту еден градски центар. Гледајќи го бројот на населени места кои влегуваат во
15-минутната изохрона, градските центри со најголема интеграција на окружувањето        се:
Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Струмица и Битола. Најголем број жители во рамка на
оваа изохрона ги интегрираат градските центри: Струга (75653), Гостивар (73677), Скопје
(54705) и Куманово (45148). Вредностите на овој показател значително варираа        т, бидејќи
центарот на Скопје, како и некои други градски центри, имаат многу поголема површина од
другите, па може да се смета дека овој показател има повеќе локален карактер кога доаѓа до
просторна интеграција. Затоа, за големите градски центри, 30        -минутната изохрона е
позначајна.




                                                                               66
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":83}>>>
