<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":81,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=81"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Непропорционалноста во демографската големина на Скопје и другите поголеми
градови е последица на некохерентноста и асиметријата на урбаниот систем на РСМ. Тој се
менува многу бавно, па не може да се очекуваат радикални промени во блиска иднина.
Градовите во РСМ се просторно дисперзирани и нерамномерно распоредени во однос на
концентрацијата на функциите и населението. Евидентен е недостатокот на рамномерно
распоредени градски населби со големина од 50.000     - 100.000 жители со развиени макро   -
регионални функц ии, кои би биле носители на внатрешниот рамномерен развој на Државата.
Доминацијата на Скопје и неговото урбано подрачје, кое остварува силна урбано                   -
демографска поларизација во урбаниот систем на РСМ, се потврдува и со демографската
големина на 10 -те најго леми градски населби: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово,
Штип, Велес, Охрид, Струмица и Гостивар.

    Табела бр. 22 Сооднос на демографските големини на најголеми  те градски населби, Извор: ДЗС

            Градска          Број на        Индекс во однос на      Индекс во однос на претходниот

            населба        жители               Скопје                          град

   1     Скопје 13               422.540                         1                                                       -

   2     Куманово                75.051                       0,178                                 0,178

   3     Битола                  69.287                       0,164                                 0,923

   4     Прилеп                 63.308                       0,150                                 0,914

   5     Тетово                   63.176                       0,150                                 0,998

   6    Штип                   42.000                       0,099                                 0,665

   7     Велес                   40.664                       0,096                                 0,968

   8     Охрид                   38.818                      0,092                                 0,955

   9     Струмица                33.825                      0,080                                  0,871

   10    Гостивар                 32.814                      0,078                                 0,970

      Поларизирачките ефекти од урбанизацијата, просторно манифестирани со
демографска и економско -функционална концентрација, се евидентни во повеќе области со
доминација на регионалните центри, особено Битола, Прилеп, Охрид и Струмица.
Слабеењето на функционал ните капацитети на градските населби, е причината што тие со
своето функционирање не се во можност да ја задржат квалитетната и зрела образована
работна сила, која е преселена во Скопје или во други земји кои влегоа во постиндустриската
фаза на развој.

       Градовите имаат релативно висок степен на урбанизација, што дополнително
укажува на висока просторна нерамномерност во распределбата на населението.

    Табела бр. 23 Компаративен преглед на процесот на урбанизација на градовите, Извор: ДЗС

                                                                                                2002                  2021     на         на         на                                                                                                                                                                                                              жители    Град               2)                                                                                                                                                                                   -2021                                  на         на         на
                                     (km                                          на            P               Број   населени  места       Број   жители            Број   жители                Промена бр.  2002          Степен     урбанизација  2002          Степен     урбанизација  2021

    Скопје                  571         63    506926    526502      19576         82          80

    Битола                  789         66      95385     85164      -10221         81          81

   Берово                 599          9      13941    10890       -3051         50           54

   Богданци                115          4       8707     7339      -1368         70          70

   Валандово               331         29      11890    10508       -1382         37          35



13 Број на жители во урбаните населби

                                                                               64
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":81}>>>
