<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":80,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=80"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.2.2. Населби и урбан развој

          Урбанизацијата претставува комплексен и доминантен процес во просторниот и
   вкупниот општествено  - економски развој во државата кој интензивно продолжува во XXI  -от
    век придонесуваjќи кон континуирана поларизација меѓу градовите и селата. Зголемување  то
   на бројот на жители во градските средини, дополнително ги усложнува потешкотиите при
   уредувањето и организирањето на мрежата на населби. И покрај развојот на урбанизацијата,
    градовите во Република Северна Македонија, се карактеризираат со општ процес на
   депопулација и демографско стареење, проблеми со развојот на урбаната култура и
    заштитата на животната средина, вклучувајќи ги и неповолните последици од климатските
   промени. На национално ниво се препознава проблемот со дивоградбите, негрижата за
    техничкат а и социјалната инфраструктура, недоволниот поттик за развој на браунфилд
    локации, како и потребата од дигитализација во управувањето со развојот на територијата.

          Покрај изразениот недостиг на соодветни статистички податоци, најголем предизвик
    за формирање јасни плански решенија е отсуството на инструменти за управување со
   просторниот и севкупниот развој на градовите и населените места. Управување со градовите
   и нас елените места подразбира преземање на низа координирани мерки и активности, во
    чија основа е интегрален пристап, кој треба да се примени на сите нивоа на управување.

3.2.2.1. Урбани системи, урбан развој и уредување на населбите

          Подрачјето на Република Северна Македонија е поделено на 80 единици на локална
    самоуправа, од кои 33 општини со седишта во градски населби и 37 општини со седишта во
    селски населби. Посебна единица на локалната самоуправа e градот Скопје, кој се состои од
   10 општини. Во оваа анализа, урбаните населби во Скопје и урбаните центри во градовите се
    третираат како градски населби.

         Според податоците од Пописот од 2021 година, мрежата на населби на РСМ се состои
   од 1.792 населени места со 1.836.713 жители. Во просторно  -структурната и функционалната
    организација на мрежата на населби доминираат малите населени места (до 100 жители),
   кои сочинуваат речиси половина од населените места во РСМ со само 1% од вкупното
    население. Дури 87% од вкупниот број населени места имаат помалку од илјада жители, во
   кои живеат 15% од вкупното население. Најголем број жители (57%) живеат во големи
   населби (повеќе од 10.000). Од друга страна, на подрачјето на град Скопје живеат 526.502
   жители, што е 29% од вкупното население во РСМ.

        Табела бр. 21 Населби во РСМ по демографска големина, Извор: ДЗС

             Број на жители      Број на населби    % Број на населби       Број на жители     % Број на жители

          до 100                         900                    50,2                19.035                       1,0

           100 -250                        268                     15,0                44.902                       2,4

           250 -500                        201                     11,2               70.825                       3,9

           500 -750                         115                      6,4                70.858                       3,9

           750-1.000                        70                      3,9                60.381                       3,3

            1.000 -2.000                      110                      6,1               151.532                       8,3

            2.000 -5.000                      82                      4,6              240.884                      13,1

            5.000 -10.000                     18                      1,0              128.923                       7,0

            10.000 -50.000                    20                       1,1              528.212                    28,8

           повеќе од 50.000                   8                      0,4               521.161                    28,4

           Вкупно:                          1.792                  100              1.836.713                  100



                                                                                  63
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":80}>>>
