<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":77,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=77"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Според Пописот од 2021 година, Македонците, како доминантна еничка група
сочинуваат 58,4% од резидентното население на Република Северна Македонија, Албанците
24,3%;Турците 3,9%, Ромите 2,5%, Србите 1,3%, Бошњаците 0,9% и Власите 0,5%.

      Миграции

      Обемот и динамиката на миграциските движења одиграа важна улога во
разместеноста на населението и силните измени во демографските структури.

    Табела бр. 20 Доселени и отселени лица, 2005 -2022 , Извор: ДЗС

   Региони            Доселени граѓани на РСМ            Отселени граѓани на РСМ           Миграциско салдо
                                                                                                                                                                                миграции                                                                                                                                      миграции                                                                                               миграции                                                               Вкупно                               Внатрешни    миграции                          Надворешн и                    Вкупно                                         Внатрешни    миграции                                   Надворешн и                                      Внатрешни    миграции                                Надворешн и

   РС Македонија     161811    154813       6998     170543       154813        15730           0      -8732

   Вардарски         12604      12492         112      15657        15111          546        -2619        -434

   Источен            15261      15010         251     19340        17764         1576       -2754       -1325

   Југозападен         19741     17904        1837      26377        18765          7612         -861       -5775

   Југоисточен        14886      14517        369      16362        15212         1150        -695        -781

   Пелагониски        17321     15428       1893      17872        17711          161       -2283        1732

   Полошки           17398     16088        1310     20564        17694         2870        -1606       -1560

   Североисточен      11597      11162        435      14326        13830          496       -2668          -61

   Скопски           53003      52220         783     40045        38726          1319       13494        -536

      Податоците кои се однесуваат на вкупната мобилност на населението и миграциското
салдо не ја одразуваат реалната состојба, поради нереално малиот опфат на надворешните
миграции во делот на емиграцијата на македонските граѓани во странство, која во
последните две децении забележа огромни размери. Според податоците од редовното
статистичко истражување најголем дел од вкупниот број на доселените (95,7%) и отселените
лица (90,8%) граѓани на РСМ во периодот 2005       -2022 година отпаѓа на внатрешните
миграции во кои доминира учеството на доселените/отселените граѓани во/од Скопскиот
регион, кој беше и остана единствен регион со позитивно миграциско салдо.





    График бр. 2 Вкупен обем, на внатрешни миграции во РСМ , 2005 -2022 , Извор: ДЗС

       За емиграцијата од Република Северна Македонија во странство не постојат
релевантни податоци од домашни извори, иако тие во последните две децении забележаа
огромен обем и интензитет. Тоа го потврдуваат податоците од Пописот во 2021 година и
пресметката сп оред витално -статистичкиот метод, според која во периодот 2005      -2021
година негативното миграциско салдо изнесува околу 230000 лица.

       Сите плански региони имаат негативно миграциско салдо во периодот 2005      -2021
година, но со најголемо се издвојуваат Полошкиот и Југозападниот регион (73327 и 45996
лица, респективно), кои забележаа и најголемо намалување на резидентното население во
периодот 2002 -2021 година. Скопскиот регион, е единствен регион со позитивно миграциско

                                                                               61
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":77}>>>
