<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":76,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=76"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

во најдлабока демографска старост. Предучилиш  ниот контингент (до 5 години) опфаќа 6,4%,
училишниот 10,5% (од 6 до 14 години     - училишен контингент во основно образование) од
вкупното население, полнолетното население (18 и повеќе години) 79,7%, женското
фертилно население 44,4% од вкупното женско населени         е, а контингентот на старо
население (80 и повеќе години), 3,1% од вкупно население.





    График бр. 1 Старосни пирамиди на населението по пол за 2002 и 2021 година, Извор: ДЗС

       Стапката на неписменост во 2021 год  ина изнесува 1,2%, а стапката на писменост е
95,8% и највисока е во Југоисточниот     (2,6%) , а најниска во Скопскиот регион    (0,9%) . Во
анализираниот период апсолутниот број на лица кои имаат завршено само високо
образование се зголемил за повеќе од 70%, на оние со завршена магистратура за повеќе од
десетпати, а со докторат за речиси трипати.

      Во 2021 година работоспособното население (15    -64 години) во земјата изнесува
1.210.035 лица, што претставува 66% од вкупното население. Во неговата структура,
активното население учествува со 59%, неактивното со 38%, а категоријата непознато
население има удел од 3%. Учеството на вработени лица во активното население изнесува
84,7%. По региони, речиси 36% од вработените се во Скопскиот плански регион, а само 6,6%
во Североисточниот. Стапката на вработеност е 49,9%. Во Југозападниот, Североисточниот и
Полошк иот плански регион таа има помала вредност, а највисока е во Пелагонискиот
плански регион (56,9%). Стапката на вработеност според пол во земјата изнесува кај мажите
55,9% кај мажите и 43,8% кај жените.

    Табела бр. 19 Бројна состојба и структура на работоспособното население и стапки на активност
    во РСМ, 2021 година  , Извор: ДЗС

       1. Вкупно население                                                                            1836713

       2. Работоспособно население                                                                    1210035

       3. Активно население -работна сила                                                               712328

       3.1. Вработени                                                                                  603591

       3.2. Невработени                                                                                108737

       4. Неактивно население                                                                         462182

     Непознато население                                                                             35525

     Општа стапка на активност (учество на работната сила во вкупното население)                                 38,8

     Општа стапка на активност на работоспособниот контингент
      (учество на работната сила во работоспособното население)                                                   58,9




                                                                               60
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":76}>>>
