<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":74,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=74"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        Табела бр. 16 Просторно –географски карактеристики на регионите во РСМ, 2021 година       , Извор:
       ДЗС


                               km2                       во                                                                                 аселеност                                                    седиште                                  седиште                                                                                  населени                                          градското      (%)
                                                           со          со                                                                                                      жители       на                           општини                                                                                                                населени         во         на
                                    2                                                                          (%)                                  на                на                град                   село       на                                                                                              вкупното                                                                                           Површина                  Број                        Густина  ж/km         Број                  Општини во                        Општини во             Број  места                      Учество  места                       Учество во    население
   Региони

  РС Македонија      5436,95    1836713       73,0   80          43         37       1767       100,0           100

  Вардарски           4063,3     138722        34,1    9           5          4        215         12,2              8,8

   Источен            3537,29    150234        42,5    11          8           3        217         12,3              9,5

   Југозападен        3604,63     177398       53,0     9           5          4        286         16,2              8,2

   Југоисточен         2767,02     148387        53,6    10          5          5        188         10,6              6,4

   Пелагониски        4909,65     210431       42,9     9           5          4        343         19,4            13

  Полошки            2431,81    251552      103,4     9           2           7        184         10,4              8,5

   Североисточен       2310,3    152982       66,2     6           3          3        192         10,9              8,3

   Скопски             1812,75   607007       334,9    17         10          7        142          8,0             37,3

         Во најмалите општини до 5.000 жители (21,3% од општините) живее 3% од
   населението на земјата, додека 75,5% од населението апсорбираат големите општини со
   повеќе од 20.000 жители. Во мрежата на урбани населби, доминираат малите градови, од
   кои 14 се со големина до 10000 жители во кои се сконцентрирани 6,7% од населението, 15 се
   средно големи градови во кои живее 32% од населението. Пет се големи градови, а градот
    Скопје опфаќа 37,3% од градското население во земјата.

3.2.1.3. Природно движење на населението

         Природното движење на населението вo периодот 2001     -2021 година претрпува
   силни измени. Стапката на природен прираст во 2021 во однос на 2005 година се намалила
   од 2,0‰ на   -5,4‰ во 2021 година. Ниската вредност на природниот прираст (кој во
   последните некол ку години има негативен предзнак), со која се соочуваат сите региони,
   произлегува од сé помалиот обем на раѓања и зголемувањето на општата стапка на смртност
   на населението. Негативен природен прираст е регистриран во повеќе од три четвртини од
   општините в о Државата.

         Во 2021 година дури 85% од општините имале негативна стапка на природен прираст.
   Позитивни вредности биле забележани во 12 општини, а само во 4 општини стапката на
   природен прираст е повисока од 5‰.

           Бројот на живородени деца, во целина гледано се намалува во сите региони, а 38,9%
   од вкупниот број на живородени деца во 2021 година се во Скопскиот плански регион.
   Општата стапка на наталитет изнесува 10,2‰, бруто стапката на репродукција 0,79, а нето
    стапката на репродукција 0,78. Тоталната стапка на фертилитет (TFR), која почнувајќи од
   1997 година е под вредноста од 2,1 и продолжува да се намалува, е особено загрижувачки
    факт, кој укажува дека во нашата држава нема замена на генерациите. Ваквите состојби     со
   природното движење на населението ја наметнуваат потребата од креирање на мерки и
   препораки на конзистентна државна и локална популациона политиката, заснована на
   научна основа и насочена кон поттикнување за родителство од различни аспекти.





                                                                                  58
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":74}>>>
