<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":73,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=73"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

  3.2. Антропогена сфера

 3.2.1. Демографија

3.2.1.1. Популациона динамика и просторно разместување на населението

         Според податоците од Пописот во 2021 година, Република Северна Македонија има
   1836713 жители што во однос на 2002 година претставува намалување од 9,19%. Ваквата
    состојба е резултат на општествено   -економските и политичките процеси во изминативе
    дваесет години, кои создадоа предуслови за емиграција на голем контингент на работна
    сила, што силно се рефлектира врз обемот на вкупната популација и нејзините структурни
    карактеристики.

        Табела бр.    15  Број на население и домаќинства во РСМ, 1948               -2021 година     ,
         Извор:https://makstat.stat.gov.mk

                                    Население                                  Домаќинства

           Година               Меѓупописна    Меѓупописна                   Меѓупописна      Меѓупописна
                     Вкупно                                     Вкупно
                                 променa      промена (%)                    промена       променa (%)

            1948       1152986                         -                         -        218819                              -                         -

            1953       1304514          151528             13,14       246313              27494               12,6

            1961      1406003          101489              7,78        280214              33901               13,8

            1971      1647308          241305             17,16       352034              71820              25,6

            1981       1909136          261828             15,89        435372              83338               23,7

            1994       1945932           36796               1,93       501963              66591               15,3

            2002       2022547           76615              3,94       564296              62333               12,4

            2021       1836713              - 185834                   - 9,19       598632              34336                 6,1

         На регионално ниво, во периодот 2002    – 2021 година, единствено во Скопск   иот
   плански регион е регистриран пораст на населението за 4,99%, додека на локално,
   зголемување на бројот на населението е регистрирано само во 17,5% од општините во
   Државата. Најголем пораст е евидентиран во општина Студеничани (27,4%), а најголемо
   опаѓање во општина Центар Жупа (      - 43%). Најголем дел (33,05%) од населението на
   Државата во 2021 година е дистрибуирано во Скопскиот регион. Ваквата состојба е причина
    за продлабочување на веќе актуелната демографска и економска поларизација во
    просторот. Бројот на домаќинства (598632 во 2021 год.) бележи континуиран пораст од 6,1%
   во периодот 2001 - 2021 година како резултат на растот на самечките домаќинства од 91,67%.
   Просечната големина на домаќинствата во 2021 година е 3,07 лица и тие се најголеми во
   Полошкиот (3,48 лица), а најмали во Источниот плански регион (2,7 лица).

          Интензивната урбанизација од втората половина на XX       -от век, резултираше со
   континуиран пораст на  градското население  во Државата, кое во периодот 1961 до 2002
   година се зголеми за повеќе од двојно. Најголемо процентуално зголемување е забележано
   во периодот 1961  -1971 година (47,9%), за да во последниот меѓупописен период се
    регистрира пад на бројот на градското населени е за 8,3% . Споредено со 1961 година, во 2021
   година бројот на градско население (588423 жители) е со процентуално учество од 61,6% во
   вкупното население.

3.2.1.2. Просторно демографски карактеристики

          Општата густина на населеност во 2021 година изнесува 73 ж/    km2, со регионални
   разлики од 34,1 ж/ km2 во Вардарскиот регион,  103,4 ж/km 2 во Полошкиот регион  до 335
   ж/km 2 во Скопскиот регион.



                                                                                  57
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":73}>>>
