<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":71,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=71"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

ги балансира овие размислувања може да доведе до одржлива енергетска иднина за
Северна Македонија преку усогласување на оперативните планови за производство на
енергија од јаглен со националните планови за енергија и клима (согласно потпишаната
спогодба со Европската Енергетската заедница).

       Останатите позначајни наоѓалишта Звегор   -Стамер, Панчерево и Лавци се помали
депозити и со неповолна положба (оддалеченоста од постоечките термо електрани).

      Наоѓалиштето на јаглен Лавци се наоѓа југозападно од градот Ресен, на оддалеченост
од 10 km, во атарот на селата Лавци и Стипино. Со последните истражувања во 2017 година
се утврдија дополнителни количини на јаглен, со што вкупните геолошки резерви јаглен    од
А+Б и Ц1 категорија достигнаа висина од 26948938 t.

      Наоѓалиштето на јаглен Звегор  - Стамер се наоѓа во атарот на селата Звегор и Стамер,
на оддалеченост од околу 2  -4 km од градот Делчево. Последните истражувања од 2016
година утврдија зголемување на резервите од А, Б и Ц1 категорија на јаглен, со што вкупни  те
геолошки резерви јаглен од А+Б и Ц1 категорија изнесуваат 24.353.449 t, а со резервите од
Ц2 категорија (5.929.810 t) изнесуваат вкупно 30.283.259 t.

      Наоѓалиштето на јаглен Панчерево се наоѓа североисточно од градот Берово на
оддалеченост од околу 17 km во атарот на селата Панчерево и Стар Истевник. Со
истражувањата во 2016 година се утврди зголемување на резервите од А,Б и Ц1 категорија
на јаглен, со што вкупните резерви јаглен од А+Б и Ц1 категорија изнесуваат 21.890.122 t.

      Активни рудници за експлоатација на јаглен во Државата се: Суводол. Брод          –
Гнеотино, Осломеј, Катланово, Забрдо и Брик      - Берово, додека рудникот Пискупштина е
неактивен.

      Суровините кои се од големо економско значење, но се изложени на висок ризик од
исцрпување се нарекуваат „критични минерали“. Од 2011 година, врз основа на проценка на
критичноста, Европската комисија на секои три години објавува ажурирање на списокот со
критични суровини [12]. Списокот вклучува антимон (Sb), кобалт (Co), фосфор (P), ниобиум (Nb)
и елементи на ретки земји. Од последната актуелна листа на критични минерали на ЕУ, за
нашата Држава посебно значајни се големите депозити на бакар, антимон и молибден.
Ретките минерал и досега не се доследно истражувани но постојат индикации за можност за
нивна екстракција особено во Кратовско  – Злетовската вулканска област.





12 Study on the critical raw materials for the EU 2023     - Publications Office of the EU (europa.eu)

                                                                               56
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":71}>>>
