<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":70,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=70"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

милиони тони (кои во овој момент се сметаат за експлоатациони), јасно е дека во наредните
десетина години, најзначајните резер  ви во Пелагонискиот басен ќе бидат исцрпени, што
значи дека за продолжување со работа на термоелектраната е неопходно активирање на
останатите лежишта на јаглен (Мариово, Живојно, Звегор  -Стамер, Панчарево и Лавци).





    Слика бр.  8  Појави на енергетски минерални суровини          , Извор: Стратегија за геолошки
    истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на   РСМ 2025 -
     2045, МАНУ

      Наоѓалиштето на јаглен (лигнит) Мариово е сместено јужно од градот Прилеп на
оддалеченост од околу 30 km, на регионалниот пат Прилеп      - с. Витолиште. Со последните
детални геолошки истражувања во 2009/2010 година, потврдени се геолошки резерви од
96.000.000  милиони тони од категорија A+B+C1 (2010) со долна топлотна вредност од 7.654
KJ/kg. Според ревидираниот рударски проект, планираниот капацитет е 2 милиони тони
јаглен годишно, што со експлоатационите резерви од 61.260.000 тони, овозможува
експлоатација за период од околу 30 години.

      Наоѓалиштето „Живојно“ е трето главно лежиште за јаглен во Пелагонискиот регион
лоцирано приближно 35 km југоисточно од градот Битола, до самата граница со Република
Грција. Се наоѓа на 20 km од рудникот „Суводол“ и претставува продолжение на рудникот
„Брод-Гнеотино“ (на 4 km од него). Со геолошки (билансни) резерви од околу 100.000 тони
од кои половината се експлоатациони, овој рудник има животен век од околу 30 години    .

      Иако постојат еколошки императиви и меѓународни притисоци за намалување на
употребата на јаглен во Република Северна Македонија, добро планираната транзиција што


                                                                               55
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":70}>>>
