<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":69,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=69"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         Мермерот од околината на Прилеп кој се користи како архитектонско  -украсен камен
   има големо економско значење. Извонредниот квалитет, посебно на белиот мермер
   нашироко познат под името „Сивец“, е база со која десетина руднички компании одлично
    стопанисуваат . Но за подобро препознавање на овој квалитет надвор Р    епублика Северна
   Македонија неминовно е да се заштити географскиот регион од каде се вади истиот и да се
   брендира оваа суровина како препозна   ен и проверен македонски бренд    , како и да се
   лимитира неговиот извоз во вид на комерцијални блокови (необработени парчиња) и
   стимулира неговa обработка и фабрикување во нашата земја.

         Во последните 10 години карбонатните суровини наменети за производство на
   дробен агрегат за бетон и тампонски материјали (градежно технички камен) се неметалична
   суровина која многу се истражува и се отвараат голем број на рудници (каменоломи).
   Независно о д тоа дали се процесираат мермери или варовници, агрегатот добиен од овие
   неметали е многу квалитетен и доста баран во градежништвото.





        Слика бр.  7 Активни рудници на неметалични минерални суровини        , Извор: Министерство за
        економија на Република Северна Македонија

3.1.4.3.  Енергетски минерални суровини

          Резервите на јаглен во нашата Држава се сконцентрирани во наоѓалиштата
    (рудниците): Суводол, Брод Гнеотино, Осломеј и Живојно. Имајќи ги во предвид годишните
   потреби на ТЕЦ Битола од 6 милиони тони/годишно и расположивите резерви од околу 60


                                                                                  54
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":69}>>>
