<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":68,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=68"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

         Во минатото експлоатација на металични минерални суровини се вршела во уште
   неколку рудници кои сега не се активни: Дамјан, Тајмиште и Жван (за експлоатација на
    железо), Митрашинци (железо и титан) и Радуша, Лојане и Раброво (хром)   .

3.1.4.2. Неметалични минерални суровини

           Најзначајни неметалични минерални суровини за нашата економија се: неметалите
    за цементната индустрија (цементни лапорци, туфови и бречи), гипсот, мермерот и
   карбонатите (мермери и варовници) кои се користат како технички камен. Цементните
   лапорци од сериј  ата „Усје“, вулканските туфови и бречи во Кратовско        – Злетовската
    вулканска област како и карбонатните, се базни суровини за македонската цементна
    индустрија.





        Слика бр.  6 Појава на неметалични минерални суровини         , Извор: Стратегија за геолошки
        истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на   РСМ 2025 -
         2045, МАНУ

           Гипсот во економски значајни количини се наоѓа во околината на дебарските села
   Косоврасти и Мелничани, каде се експлоатира со површинска експлоатација и се
    преработува. Неговата сѐ поголема употреба во градежништвото како еколошки материјал
    со добри изолациски својства      упатува на потребата од     истраж ување на   неговите
   квалитативни и квантитативни својства што би било одлична основа за дополнителен развој
   на индустријата во овој дел на земјата.

                                                                                  53
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":68}>>>
