<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":67,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=67"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Активни рудници за експлоатација на бакарна руда се рудниците Бучим и Боров Дол
лоцирани во рудниот реон Бучим   – Дамјан – Боров Дол. Тоа се рудници со површинска
експлоатација со сопствено хидројаловиште.

       Рудникот Бучим е при крај на експлоатациониот век, додека Боров Дол е активен од
2018 година со годишно производство од околу 4 500 000 t руда и 62 000 000 t
експлоатациони рудни резерви, кои може да се експлоатираат во следните 14 години.
Рудникот Р'жанов о – Кавадарци, има активна концесија, но се става во употреба за потребите
на Металургискиот комбинат Фени    – Кавадарци, во зависност од берзанската цена на
никелот. Рудата од Боров Дол се транспортира со покриена транспортна трака, до
капацитети на Бучим з а складирање и понатамошна флотациска преработка. Флотациската
јаловина се складира во јаловишната депонија во близина на селото Тополница. Во рудникот
Бучим се разгледуваат можности за нов начин на управување со јаловината, односно
насочување кон откопи в  о кои експлоатацијата е завршена, со што ти ќе се заполнат и
стабилизираат, ќе се намали транспортот до јаловишното езеро и ќе се минимизира
притисокот на старото јаловиште кое ќе може целосно да се рекултивира.

       Стогово е активен рудник за експлоатација на    манган, а Гроот за експлоатација на
никел и варовник. Во зоната на Валандовското рудно поле се наоѓа рудникот Казан Дол, со
постројка за преработка на бакар и злато, кој сеуште не е активен, но има  поволни геолошки ,
рударски и геоморфолошки услови за отварање на рударски капацитет во планскиот период.





    Слика бр. 5 Појава на металични минерални сурови на територија на РСМ       , Извор: Стратегија за
    геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на
   РСМ 2025 -2045, МАНУ

                                                                               52
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":67}>>>
