<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":66,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=66"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.1.4. Минерални ресурси

         На територијата на нашата Држава издвоени се неколку крупни геотектонски
   единици: Западно -Македонската зона, Пелагонскиот масив, Вардарската зона и Српско         -
   македонскиот масив. Секоја геотектонска единица претставува засебна структурно                 -
   фацијална целина, која    се карактеризира со посебен геолошки развој и сопствена
   структурно -геолошка градба. Во Пелагонскиот масив доминираат киселите формации, од
   редот на гранитоидите, додека во Вардарската зона базичните и ултрабазичните комплекси.
   Помеѓу одделни единици има р азлики и во однос на метаморфизмот и вулканизмот, посебно
   неогениот, кој е многу карактеристичен за Српско -македонскиот масив и Вардарската зона.

         Голем дел од наоѓалиштата на минерални суровини досега се само регистрирани
   појави со многу низок степен на истраженост. Некои од нив се или биле активни рудници,
   како што се: Злетово, Бучим, Саса, Тораница и други, од редот на металите, потоа, Опалит,
   Бентомак, Огражден, Сивец и други од редот на неметалите, додека уранските наоѓалишта
    засега се само потенцијал со познати квалитативно -квантитативни карактеристики.

         Во околината на: Кадиица, Иловица, Казан Дол, Плавица, Боров Дол, Алшар и др., се
   вршени детални и интензивни геолошки истражувања на бакар и на злато, но со исклучок на
   Боров Дол, досега не е отв  орен нов рударски капацитет за експлоатација. Од неметалите
   отворени се помали копови за експлоатација на мермер и гранит на неколку локалитети во
   околината на Прилеп.

3.1.4.1. Металични минерални суровини

         Со досегашните истражувања и проучувања регистрирани   се наоѓалишта и појави на
   металични минерални суровини во сите металогенетски единици, но најпродуктивни се
   терените на Српско -македонскиот масив, каде се локализирани и најкрупните наоѓалишта на
   олово и цинк (Злетово, Тораница и Саса), потоа на бакар (Бучим,       Боров Дол, Плавица,
   Иловица, Кадиица и др.), антимон (Крстов Дол и Лојане), железо и други, проследени со
   бројни појави кои сеуште се на низок степен на истраженост.

          Наоѓалиштето Плавица се наоѓа на концесиски простор помеѓу градовите Пробиштип
   и Кратово, а генетски е врзан    о за Кратовско  – Злетовското рудно поле. Концесијата
   овозможува експлоатација на околу 90 000 000 t бакарна и златна руда.

         Иловица -Штука е наоѓалиште на кое во последните 10 години се вршат комплексни
   детални геолошки истражувања и согласно истите утврдени се околу 280 000 000 t
   билансни резерви (A+B+C1+C2) на бакарна руда. Наоѓалиштето е дел од Осоговското рудно
   поле лоцирано на 18 km североисточно од Струмица во атарот на селата Штука и Иловица.

          Активни рудници за експлоатација на олово    - цинкова руда се рудниците Тораница   ,
   Злетово и Саса. Тораница и Злетово се рудници со    подземна експлоатација и имаат свои
   хидројаловишта. Тие имаат геолошки резерви од по околу 6 000 000 t експлоатациони
   резерви и заеднички капацитет на производство од околу 300 000 t руда.

          Рудникот Саса има производство на руда од околу 800 000 t годишно, а околу 13 000
   000 t експлоатациони резерви. Според тоа, со овој капацитет има потенцијал за работа уште
   16 години. Со примена на методот на откопување со заполнување и методот на суво
   одлагање, кои овозможуваат  одлагање на јаловишна паста во јама и минимизирање на
   количината на јаловина што се одлага на површината        , односно складира ње на поголема
   количина на материјал на помала површина, рудникот Саса се стреми да ги минимизира
    влијанијата врз животната средина бидејќи овие методи ја намалуваат потребата за
   дополнителни низводни јаловишта.


                                                                                  51
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":66}>>>
