<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":64,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=64"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

          Главни ловностопански видови дивеч се: обичен елен, срна, дивокоза, дива свиња,
    зајак, полска еребица, еребица камењарка и фазан.

         Во рамки на ловните реони, формирани се вкупно 268 ловишта, од кои 123 за крупен
   дивеч и 145 за ситен дивеч. Издвоени се вкупно 4 државни ловишта, од кои само едно е со
   специфична намена, односно за наставно –научни цели.

          Најизразено зголемување на отстрелот во апсолутен износ од дури 2383 примероци
    (2022 година во однос на 2010), се забележува кај дивата свиња, со голема веројатност дека
   зголемувањето е уште поизразено (со проценка дека отстрелот во ловната 2022/23
    достигн ал и број од 4000 единки). Ваквото зголемување се должи, пред се, на
   експоненцијалниот раст на густините на популациите на дивата свиња и проширување на
   ареалот во глобални рамки. Отстрелот на дивокозата се движи околу просекот, а отстрелот
   на еленот е занемарлив, додека отстрелот на срната е зголемен. Кај ситните видови дивеч се
   забележува намалување на отстрелот, што е во директна корелација со намалувањето на
   нивната бројност, и кај нас и во Европа.

3.1.3.5. Опустинување

         Опустинувањето е најтешката форма на деградација на земјиштето. Регионот ранлив
   на опустинување (РРО) зафаќа 28 % од земјата плус околу 18 % каде резутатите за индексот
   на аридност се блиски до прагот за опустинување. Овој простор се наоѓа до 600    -700 m н.в.
   во неколку ко тлини и околниот понизок ридски регион Најголем дел од површината на РРО
   е под обработливо земјоделско земјиште (52,68 %) или вкупно 376941 ha. Шумите во рамките
   на РРО покриваат 74.369 ha или 10,34 % од вкупната површина на РРО. 61 општина во
   државата се ранливи на опустинување, дел целосно, а некои делумно.





        Слика бр. 4 Индекс на аридност (црвена и жолто  – регион ранлив на опустинување)  , Извор: Атлас
        на ерозија, суша и опустинување на РСМ, И. Блинков и др., 2021 година





                                                                                  50
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":64}>>>
