<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":62,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=62"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

3.1.3.2. Подигање, одгледување и обновување на шумите

         Со најголем дел од шумите во државна сопственост управува Јавното претпријатие      -
   Национални шуми (ЈПНШ) додека со помал дел останати институции (ЈУ за национални
    паркови, како и единиците на локалната самоуправа).

          Потенцијалот за производство на садници на ЈПНШ е 8 милиони садници од
    контејнери и до 10 милиони класични садници од гол корен, но производството е далеку
   помало од потенцијалот, а проблем претставува и технички слабата опременост, како и
    недостатокот на  работна сила. Пошумувањето има долга традиција почнувајќи од 1914
    година, и досега се пошумени над 250 000 ha, но за неговата успешност нема доволно
    податоци, и не може да се каже со сигурност колку таа изнесува. За време на постоењето на
   Фондот за пошумув ање на голини (1971-1990 година) се пошумени 131 254 ha (просечно по 6
   564 ha/год).

          Генерално со шумите во Република Северна Македонија сеуште се применува
   традиционалниот начин на стопанисување каде главни  обновителни мерки се: чистата сеча,
   оплодна сеча (осеменителна сеча), а само во разновозрасните шуми се применува
   пребирната сеча. Обновување на шумите по природен пат се врши со помош на семето од
   матичните стебла во шумските насади, или пак, со помош на изданци и избојци од пенушките
   и кореновите жили. За таа цел во шумите се изведуваат различни видови на сечи, како дел
   од методите за природно обновување на шумите. Обновувањето на шумите по вештачки пат
    се врши со садење на садници, сеење на семе, или пак со садење на рез ници. И двата начини
   имаат предности и недостатоци, но во поново време се повеќе се форсира природен начин
   на обновување на шумите, додека вештачкиот начин се применува на места каде нема услови
    за природно обновување, како и на голи и еродирани земјишта.

3.1.3.3. Користење и транспорт

          Планираниот сечив етат во РСМ во изминатите 10 години изнесува околу 1400000m     3,
    а околу 840000m  3 или 60 % се искористени од истиот. Од вкупното производство, огревното
   дрво учествува со 80 до 85 %   11. Просечниот обем на сеча во минатите години, вклучувајќи ги
    сите субјекти кои стопанисуваат со шумите во минатите 20 години изнесува 840000 m      3 и се
   движи од 655000m  3 (2014) до 1148000m 3 (2000). Во вкупното производство, најголем дел од
   произведените сортименти отпаѓа на огревно дрво (78 %), потоа на трупци (15 %) и околу 7 %
   е отпад.

          Република Северна Македонија има значајни ресурси на недрвни шумски производи
    (лековити растенија, печурки, шумски плодови и друго) и разновиден дивеч. Значителни
   количини од овие производи се извезуваат од Државата, и овој ресурс може да претставува
   значаен сегмент кон руралниот развој, на кој треба да му се посвети поголемо внимание,
    затоа што во моментот е сеуште неорганизиран и нема доволно податоци за него.

         Во шумските комплекси на РСМ, во изминатиот период (состојба 2020 година) се
   изградени вкупно 8273 km патишта, од кои 1972 km cе тврди патишта со и без подлога, и 6301
   km ce меки земјени патишта. Густината на патната мрежа изнесува 8,41 m/ha. Патната мрежа
   во шумарството не е на потребното ниво, ниту според квалитетот на подлогата, ниту според
    распространетоста. Квалитетот и структурата на патиштата не ги задоволуваат потребите на
   модерните машини кои се користат во шумарството.

           Бројот на активни деловни субјекти кои се занимаваат со преработка на дрво во РСМ
   во 2017 година изнесува 440, што е 0,6% од вкупниот број на деловни субјекти. Во периодот


      11 Стратегија за одржлив развој на шумарството

                                                                                  48
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":62}>>>
