<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":59,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=59"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

   рекреативен улов кој учествува само со 1 ,3 %. Вкупниот улов на риба во 2021 година, изнесува
   2 171 537 kg, од кои 65.6 % се уловени ладноводни риби, а 34.4 % топловодни риби. Во
   вкупното производство на аквакултура (2 017 547 kg) најзначајнa е пастрмката (1 362 761 kg).

           Трговија со земјоделско -прехранбени производи

         Со склучувањето на Договорот за Слободна трговија со ЕУ и Централно    -европскиот
   Договор за слободна трговија (ЦЕФТА), најзначајни трговски партнери за Државата се ЕУ    -27
   и земјите членки на ЦЕФТА.

         Во периодот од 2012 до 2021 година, евидентен е континуиран негативен трговски
   биланс на земјоделско -прехранбени производи, особено изразен по периодот на Ковид   -19
    пандемијата. Трговскиот дефицит од 316 милиони евра ја истакнува зависноста од увоз, а
   покриеноста на извозот со увоз на земјоделско  -прехранбени производи изнесува 67 % во
   2021 година. Најзначајни извезени производи се тутунот, виното, конзервиран зеленчук,
    јагнешко месо, свеж зеленчук, замрзнат зеленчук, јаболки и др. додека во увезените
   примарни земјоделски производи учествуваат јунешко месо, живинско месо, свинско свежо
    месо, сирења, конзервиран зеленчук, масло од сончоглед, кафе и др.

3.1.2.3. Наводнување и одводнување на земјоделски површини

          Наводнуваните површини во 2016 година, изнесувале 84 434 ha. Во периодот 2017      -
   2019 година, капацитетите на хидромелиоративните системи (ХМС) се сериозно намалени,
   па така реално наводнуваната површина во 2022 година е со просечна вредност од 21 906ha
    (околу 26% од искористената земјоделска површина), односно просечно по земјоделско
    стопанство 0,75 ha (0,68 ha за индивидуални стопанства, 51 ha за деловни субјекти).
   Причините за ваквата состојба се: застареноста на системите, оштетување на опремата и
   инфрас труктурата, неефикасно управување и одржување на системите, расцепканост на
   површините, институционални, технички и промени во законската регулатива и друго.

          Системите за одводнување и покрај тоа што се оперативни, се соочуваат со голем број
   проблеми поврзани со ефикасно управување и искористување. Генерално, каналите се во
   запуштена состојба, не се прочистувани и одржувани долг временски период.

         Агротехничките мерки    ги опфаќаат основните принципи во земјоделско
   производство и од технолошки аспект во една целина ги поврзуваат главните фактори како
   што се: климата, почвата, техничките средства и технологијата.

3.1.2.4. Деградација на земјоделското земјиште

          Почвите се изложени на деградациони процеси кои го намалуваат нивниот квалитет:
    ерозија, загуба или влошување на структурата, компактност (збиеност), намалување на
    органската материја, салинизација и алкализација, контаминација       и намалување на
   биодиверзитетот на почвата  , потоа лизгање на земјиштето, деструкција со отворени копови
   во рударството и со екскавација на разни материјали, покривање со цврст отпад и пренамена
   во користењето (конверзија, запечатување) на земјиштето.

          Главната причина за деградација на земјишниот фонд се процесите на ерозија.
   Нашата држава е една од најзагрозените земји од ерозија на Балканот и согласно Извештајот
   на Европската Агенција за животна средина од 1995 година, класифицирана е в  о т.н. „црвена
    зона”. Со различен интензитет на ерозија е зафатена површина од 24 813 175 km     2 или 96 %
   од територијата на Државата, од која околу 37 % е изложено на посилна ерозија (екцесивна,
   силна и средна).



                                                                                  46
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":59}>>>
