<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":58,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=58"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

расовата структура на овците доминираат локалните соеви како праменка (шарпланинска и
овчеполска) и нивните мелези.

        Кај козарските фарми најзастапени се (50,27 %) оние со големина од 21 до 50 грла,
односно 51-100 грла (22%). Во популацијата кози доминира домашната балканска коза 50 %,
додека нејзините мелези со алпина и санска коза се со застапеност од 15 %.

      Во производството на млеко во Државата доминира кравјото, додека учеството на
овчото е до 10 % а на козјото до 5 %.

     Коњите се важен дел од руралниот живот, традицијата и туризмот, иако нивната
улога во земјоделството е помала отколку во минатото. На Балканот, вклучувајќи ја и
Република Северна Македонија, најкарактеристична автохтона раса е домашниот балкански
(планински) коњ, кој е приспособен на планински услови и се одгледува во повеќе балкански
земји. Покрај домашниот планински коњ, кој е традиционална раса, присутни се и спортски
раси како арапскиот коњ и англискиот чистокрвен коњ, кои се користат главно за спорт и
рекреација (Bunevski et al., 2019)

      Живинарство е најзастапено е во Пелагонискиот плански регион и опфаќа две
посебни индустрии за производство на јајца и живинско месо. Вкупното јато на живина во
Државата е со тенденција на намалување.

       Најголем број на  пчелни семејства во Државата има во Североисточниот плански
регион, со тенденција на зголемување во последните години, додека производството на мед
варира од 500 до 1000 t  годишно.

    Табела бр. 14 Преглед на број на добиток, живина и пчелни семејства, 2021 година



Плански регион                                                                                                                  Кози                     Коњи                                                            Говеда                        Свињи                       Овци                                                                                                                                                                                                                                                      Живина                           Пчелни    семејства


  Вардарски         10066           48509         33525         3867            729       43428           1248

  Источен            15110          37446        110174        11747           810      136331          20931

  Југозападен         13521          18954        119059        15066           1590      205921           2796

  Југоисточен         23871           18816        116594       23088           5304      205756           4870

  Пелагониски       40810           25143        102171         3189            453      492428           15523

 Полошки           34027            4372         81362        11307           1237      132771          17426

  Североисточен     22875           25675         26202         4075            121      159857          30144

  Скопски            17342            7231         44194         3414           896       107533             30

 Вкупно            177622          186146        633281        75753          11140    1484025          92968

       Рибарство и аквакултура

       Најзначајни капацитети за развој на рибарството претставуваат трите природни
езера: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Следна значајна група се вештачките
акумулации, од кои, сепак, само релативно мал дел се користи за организирано производство
на риба. Третата група капацитети ја сочинуваат реките, кои претежно се користат за
спортско -рекреативен риболов, како и рибниците како објекти за контролирано
одгледување и производство на риба.

       За одгледување на топловодните риби изградени се рибници на површина од 695 ha,
со годишно производство од 445 t. Студеноводните рибници се со мала површина по
локалитет, поради специфичноста на нивното производство. Производството и уловот на
риба се бази  ра на аквакултурно производство (92      ,9 %), стопански риболов (5     ,8 %) и

                                                                               45
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":58}>>>
