<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":57,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=57"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

      Овоштарство

       Постоечките еколошки услови      во нашата држава овозможуваат успешно
култивирање на околу 30 видови на овошни насади. После подолг период на стагнација, во
периодот после 2006 година започнува тренд на пораст на површините под овошни насади
за околу 16 %. Во структурата на користење на   вкупната обработлива површина, овошните
насади зафаќаат 3,28 % во 2021 година. Според застапеноста во насадите, доминантно место
зазема јаболкото, потоа сливата, праската, вишната, а во последн   ите години значително се
зголемуваат повр шините под насади од нетрадиционални култури (лешник, орев, јапонско
јаболко и др). Во структура на производството на овошје доминира         јаболкото , кое е
најзастапено во Пелагонискиот плански регион со 67% од вкупното производство.    Сливите
се најзастапени во Источниот плански регион со 30 % од вкупното производство,  крушите во
Југозападниот плански регион со 19%,    праските во Скопскиот плански регион со 33%.
Значаен удел во производство имаат и црешите, вишните и оревите, додека другите овошни
култури се помалку застапени.

      Лозарствотово Република Северна Македонија се издвојува како позначајна гранка.
Вкупното производство на грозје изнесува 269131 t, во кое најголем удел (45%) има
Вардарскиот плански регион.

    Табела бр. 13 Производство на овошје (t) по региони во РСМ 2021 година



    Плански регион                                                         Цреши                   Вишни                      Кајсии                          Јаболка                   Круши                   Сливи                    Праски               Ореви                    Грозје


    Вардарски            121       429        110       578       993       506      1049     197     121561

    Источен              247       3564        7        2318       900       8141      339      682      14927

     Југозападен          1150       686        126      16738      1269      5993      747      780      7371

     Југоисточен          1342      1344       926       3151       970       5270      1522     588      97581

    Пелагониски          271       530        32       62442       235       1810      341      745      4472

    Полошки             503       798        34       4840       441       863       38      639       468

    Североисточен        172       109       198       1390       601       2383      100      441      13261

    Скопски              910        913       1152      1406       1221      2066      2068     597      9490

    Вкупно              4716      8373      2585      92863      6630      27032     6204     4669     269131

       Сточарство

      Говедарството во Државата е најзастапено во   Пелагонискиот плански регион. Во
однос на расовата структура, доминантни се мелезите (51%) и холштајн   -фризиските говеда
(38%). Гојните раси и комбинираните говеда се застапени со 0,3% и 6,4%, додека бушата со
2.6%. Во структура на фармите на говеда во Држа   вата, присутни се: традиционални фарми
(1-5 грла), фамилијарни фарми (6  - 20 грла) и специјализирани фарми (повеќе од 20 грла). На
регионално ниво,  свињарство е доминантна сточарска гранка во Вардарскиот плански
регион, овчарството е најзастапено во Југозападниот плански регион, додека Југоисточниот
е со најголемо производство во козарството.

      Овчарството и козарствотово Државата се базираат на екстензивни технологии на
одгледување, искористување на природните пасишта и стопанисување во подрачјата со
отежнати услови за производство. Најзастапени се овчарските фарми со големина од 101 до
200 овци (30%) и од 201   -500 овци  (25,45%). Динамиката на промена во големината на
фармите во последните години укажува тенденција на окрупнување на стадата. Во однос на


                                                                               44
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":57}>>>
