<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":53,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=53"}>>>
               Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

 3.1.2. Земјоделство и земјоделско земјиште

3.1.2.1. Користење на земјоделското земјиште

          Република Северна Македонија има исклучително поволни почвено     -климатски и
   агроеколошки услови за развој на земјоделското производство, како и богат биодиверзитет.
   Од вкупната земјоделска површина, која во 2021 година изнесувала 1.259.996 ha, 516.733 ha
   е обработливо земјиште (од кое под ораници и бавчи се 416.714 ha, овоштарници 16.942 ha,
    лозја 23.776 ha и ливади 59.301 ha). Пасиштата се простираат на површина од 742 760 ha, 503
   ha е површина под бари, трски и рибници.

         Во структурата на одгледувани култури на ораниците и бавчите, со 66 % учествуваат
   житните култури, 12,5 % се површини под градинарски култури, фуражните учествуваат со
   околу 10 % , овошни и останати култури  6,5 % и индустриските култури со околу 5 %.

         Динамика на промените на земјоделската површина по обем, и структура на
   користење (во период од 2012 до 2021 година) е со негативен тренд, односно намалување кај
    вкупната земјоделската површина за 7 873 ha, кај пасиштата за 13 798 ha и кај ливадите за
    1.140 ha, на сметка на зголемување на вкупните обработливи површини за 6 326 ha,
   ораниците и бавчи за 2 639 ha, овоштарниците за 2 320 ha и лозјата за 2 507 ha.
   Зголемувањето на обработливите површини, по долгиот период на опаѓање (од 2001  до 2012
    година), најверојатно е последица на политиката на субвенционирање.

          Пренамената на земјоделското земјишта во непродуктивнo е тренд кој е актуелен
   подолго време и кој често е резултат на приватни иницијативи.  Неодржливото користење на
   земјиштето под веќе присутната закана од климатските промени е директна причина за
    деградација и дезертификација на земјиштето, уништување и узурпирање на високо
    квалитетни обработливи земјоделски површини, што претставува еден од   основните извори
   на загрозување на животната средина  .

3.1.2.2. Земјоделско производство

          Земјоделскиот сектор е еден од најзначајните сектори за македонската економија. Се
   карактеризира со дуална структура, во која главно доминираат индивидуалните земјоделски
    стопанства. Од економска перспектива во последното десетолетие учеството на
    земјоделството во бруто  -домашниот производ, заедно со ловството, шумарството и
   рибарството има флуктуирачки и опаѓачки тренд, и тоа, од 10,2 % во 2011 година до 8,6 % во
   2021 година. Заедно со преработувачката индустрија (вклучително производство на
    пијалаци и туту н), учеството во бруто -домашниот производ достигнува 12 %.

        Од регионален аспект, Југоисточниот со 29 % и Пелагонискиот плански регион со 21
    %, имаат најзначајно учество во креирањето на бруто -додадената вредност во земјоделското
    производство. Од останатите плански региони, најмало учество од само 4 % во создавањет   о
   на бруто додадената вредност има Североисточниот плански регион.

         Во Република Северна Македонија постојат повеќе        системи на земјоделско
   производство :

             - конвенционално производство;

             - интегрирано производство (приватни стандарди како на пр. Натурленд и др.);

             - биодинамичко производство (приватни стандарди како Деметер и др.) и

             - органско производство.

          Земјоделското производство во Државата во најголема мера е конвенционално.
   Органското производство, иако бележи растечки тренд во последните години, сeуште е


                                                                                  40
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":53}>>>
