<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":50,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=50"}>>>
            Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

Средната годишна температура на воздухот изнесува околу 5   ,0°С, а количество на врнежите
изнесува околу 1000 mm. Овие простори се одлични за развој на зимски ски туризам,
планински летен рекреативен туризам, етно и екотуризам, но и за развој на сточарството.

      Алпското планинско подрачје  зафаќа многу мали површини, бидејќи само неколку
планини се издигнати над 2250 m. Просечните годишни температури се движат од околу 0°С,
па се до околу -4,0°С, и приближно во половина од годината просечната температура е под
нулата. Во споредба со претходн ото подрачје годишното количество на врнежи е намалено
и изнесува околу 800 mm. Ова подрачје се протега над шумскиот појас и во него има само
скромна високопланинска вегетација и камењари. Од тие причини, просторот е поволен
единствено за планинарење и иск ачување на највисоките врвови.





                      Слика бр. 2 Климатски подрачја, Извор: EEA, SOER, 2010

     Вкупната должина на водотеците во Државата изнесува е 7637 km, а густината на
речната мрежа е 0,30 km/km    2. Во Република Северна Македонија има над 150 водопади,
распределени во три основни типови на водопади и тоа: тектонски, ерозивни и акумулативни
водопади. Тектонските водопади се најзастапени, меѓу кои најпознати се: Смоларскиот
Водопад, Колешинскиот Слап,    водопадите на Камењанска Река на Шар Планина и
Мокриевскиот Водопад. Од ерозивниот тип на водопади се регистрирани околу 50 водопади
од кои најпознат е Ростушкиот водопад. Акумулативниот тип на водопади се најзастапени на
реките Папрадничка, Банинска, Рос тушка, Длабока Река, Рибница и др.

      Термалните води се застапени поради неотектонските процеси на територијата на
Република Северна Македонија. Геотермалните води кај нас традиционално се користат од
17 термални извори во главно за балнеолошки потреби.


                                                                               38
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":50}>>>
