<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":48,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=48"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

    3.СОСТОЈБА


 3.1. Природна сфера

3.1.1. Природни карактеристики, ресурси и вредности

         Територијата на Државата е претежно планинска (79%), а остатокот се низини (19%)
  и природни езера (2%). Релјефот е еден од најзначајните елементи на природната средина и
  важен географски фактор во планирањето на просторот. При планирањето, особено
  потребно  е да се анализираат квантитативните (хипсометрија, наклони, експозиции,
  расчленетост и сл.) и квалитативните својства на релјефот (генетски тип, форми и
  доминантни процеси), со цел да се дојде до најповолни решенија за безбедна, сигурна и
  ефикасна простор на организација. Разновидноста на релјефот е тесно поврзана со бројни и
  значајни релјефни појави, од кои дел се заштитени или предвидени за заштита. Воедно, тие
  претставуваат туристички мотиви и атрактивности кои ги зголемуваат пејзажните вредности
  на просторот.

         Големата разновидност и мозаичност на релјефот претставува погодност, но и
  ограничувачки фактор за разни стопански дејности. Заради доминантниот планински
  карактер, нашата држава има голема просечна надморска височина од 830 m и значителен
  просечен наклон од 15,4°. Доминантниот планински терен, големите наклони и расчленетоста
  на релјефот се значаен ограничувачки фактор особено за земјоделството, градежништвото,
  сообраќајот и др. Доколку како условно непогодни терени се земат терените со наклон над
  10° и со индекс на вертикална расчленетост над 10 m/100 m    2, произлегува дека само 27,4%
  од државната територија е погодна за користење за разни стопански намени, 14,5% се
  делумно погодни, 55,8% се непогодни површини, а остатокот се водени површини.
  Погодниот релјеф, главно ги претставува рамничарските терени на д     ното од котлините и
  долж пошироките речни долини. Делумно погодниот релјеф се состои од средно                   -
  наклонетите и расчленети ридски терени, на преминот помеѓу рамнините и планините.
  Непогодниот релјеф ги претставува пострмните и расчленети планински терени кои         се
  несоодветни, ризични или ранливи за бројни просторни активности (со исклучок на одредени
  видови туризам, шумарство, сточарство и сл.).

         Подрачјето на Државата е своевиден геолошки мозаик во кој се застапени разни
  видови на магматски, седиментни и метаморфни карпи. Тие укажуваат на долгата геолошка
  историја, низ која, под дејство на тектонските движења, се случиле бројни сложени промени,
  со кои се оформиле крупните морфоструктури. Tоа условило појава на минерални суровини,
  од кои поголем дел се експлоатираат.

         Согласно распределбата на врнежите      , може да се издвојат три плувиометриски
  режими на врнежи: медитерански, континентален и преоден режим. Просечното годишно
  количество на врнежи изнесува 680 mm. Врнежите се главно од дожд, но во зимскиот дел од
  годината има и врнежи од снег. Просечниот пери    од на траење на снежната покривка е
  декември - март, а на повисоките планини ноември  - април, па дури и мај.

       Во Државата преовладуваат ветрови долж правецот на протегање на речните долини,
  котлините и планинските масиви. Најголема средно годишна брзина на ветерот има во
  Кривопаланечката Котлина (3,5 m/s) и Овче Поле (3,1 m/s), додека со најмала средно
  годишна брз ина на ветерот се Струмица (1,1 m/s) и Берово (1,3 m/s).

       И покрај релативно малата површина, Република Северна Македонија има
  разновидна клима, односно осум климатски подрачја:

                                                                                 36
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":48}>>>
