<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":46,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=46"}>>>
              Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

        Во периодот на имплементација на Просторниот план на Република Македонија
  (2002 –2020), Државата стана полноправна членка на НАТО Алијансата, при што значителен
  дел од податоците неопходни за     проценка на степенот на реализација     преминаа во
  класифицирани информации.

2.17. Намена и користење на земјиштето

         Основната трансформација на земјиштето предвидена со Просторниот план на
  Република Македонија (2002 -2020) се однесува на пренамена на 96.000,00 ha земјоделско
  земјиште од ниски бонитетни класи, кое е необработено и напуштено и со релативно
  изразена ерозија ; во шумско земјиште. Како резултат на тоа, планираната вкупна површина
  под шуми за 2020 се зголемува на 1.140.000,00   ha (за 14,3% во однос на состојбата во 2001
  година) и зафаќа 44,3% од вкупната површина на Државата.  Во 2021 година, површината под
  шуми и шумско земјиште во Државата изнесува 1.039.576,00 ha и учествува со 45,2% во
  вкупната површина на Државата. Според тоа, планските определби за зголемување на
  површината под шуми не се реализирани во предвидениот обем.  Во однос на состојбата во
  2001 година, површината под шуми и шумско земјиште е поголема за 41.576,00 ha; што значи
  дека планските предвидувања се реализирани за околу 30%.
         Земјоделското земјиште, со планските решенија се проценува на 1.196.000,00 ha.
  Овие предвидувања се надминати, па така во 2021 година, зем   јоделското земјиште зафаќа
  површина од 1.259.996,00 ha (зголемување во однос на предвиденото за 5,35%)       . Имајќи во
  предвид дека во 2001 година, земјоделското земјиште во Државата  опфаќаше површина од
  1.244.000,00 ha, во 2021 година има зголемување од околу 1,3%.       Но во исто време е
  регистрирано намалување на површините под обработливото земјиште во однос на
  планираното за 2020 година за 9,34 % така што зголемувањето на површината под
  земјоделско земјиште се должи на зголемувањето на површината под пасишта за
  117.760,00 ha  (18,8%).  Кај непродуктивното земјиште има зголемување во однос на
  проекциите за 3,43%.

        Табела бр. 8 Намена на површини (продуктивно земјиште) во 2020 година

           НАМЕНА 2020
                                               (ha)       %        %         %
            проекција (ППРМ)
         Вкупна површина            2.571.000,00       100
         непродуктивно земјиште     236.000,00         9,2
         продуктивно земјиште       2.335.000,00       90,8          100
        шуми и шумско земјиште     1.140.000,00                      44,3
          земјоделско земјиште       1.196.000,00                      46,5          100
         пасишта                     625.000,00                                       52,3
         обработливо земјиште       570.000,00                                       47,7

        Табела бр. 9 Намена на површини (продуктивно земјиште) во 2021 година

         НАМЕНА 2021 год.             (ha)          %         %      %
             Вкупна површина        2.543.671,00          100
          непродуктивно земјиште     244.099,00             9,6
           продуктивно земјиште      2.299.572,00           90,4           100
        шуми и шумско земјиште    1.039.576,00                           45,2
           земјоделско земјиште      1.259.996,00                            54,8      100,00
                 пасишта             742.760,00                                        58,9

           обработливо земјиште      516.733,00                                        41,0
        Со планските решенија на ППРМ, предвидено е зголемување на обработливите
  површини опфатени со системи за наводнување на 267.762,00 ha, по пат на реконструкција

                                                                                 34
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":46}>>>
