<<<PAGE_START {"PDF_PAGE":45,"PDF_LABEL":null,"METHOD":"native","REVIEW_REQUIRED":false,"SOURCE_PDF_SHA256":"543728e01b65fb92a6187f51db802eb3e312fa6c9f217a3bb204be095386fdc2","SOURCE_LINK":"plan.pdf#page=45"}>>>
                Просторен план на Република Северна Македонија  – Нацрт план

          децентрализирање на системот за противпожарна заштита;
             ·   Зајакнување на техничките капацитети за заштита од пожари кај надлежните
          институции и
             ·   Воспоставување на национален информативен систем за шумски пожари
         (МКФФИС) 10 кој ги зголемува капацитетите за меѓуинституционална комуникација и
          координација во процесот на управување со шумските пожари.

          Земјотреси

          Згуснување на мрежата на инструменти за регистрација на земјотреси и нивно
   осовременување сеуште н  е е реализирано како и реонизација на подрачја подложни на
    сеизмички хазарди, како основ а за примена на заштитни мерки.

2.16.2. Техничко -технолошки хаварии

           Согласно предложените сигурносни и превентивни мерки за избегнување на
    техничко -технолошките ка  тастрофи дефинирани во Просторниот план на Република
    Македонија (2002 -2020), може да се констатира дека постои прогрес во минатите години во
    однос на законската регулатива (која постојано се надградува), отворање на институции,
   превземање на активности за п ревенција и слично.

          Во наредниот период потребно е да се спроведат мерки за воспоставување
    интегриран регистар на природни непогоди, нивните причинители, последици и преземени
    интервенции, како и мерки за задолжително интегрирање на компонентите за намалување
    на ризиците во сите фази и нивоа на просторното и урбанистичко планирање.

2.16.3. Воени разу рнувања

           Тргнувајќи од проценките за степенот на загрозеноста на одделни сегменти на
    територијата на Републиката од евентуални воени дејства, Просторниот план на РМ 2002        -
    2020 ја класифицира територијата на Државата на: простори со максимален степен на
    загрозеност, простори со висок степен на загрозеност, простори загрозени од долготрајни
   борбени дејства, индиректно загрозени простори и простори погодни за слободни територ  ии
   Во таа смисла политика на заштита на населението од воени разурнувања е насочена кон:

              - планирање и уредување на простори погодни за евакуација на населението и
    материјалните добра;
              - планирање на безбедни простори и населби во кои ќе се врши згрижување на
    евакуираното население и материјалните добра;
              - планирање, изградба и адаптација на објекти за заштита и локации за изградба на
    рововски засолништа;
              - планирање на дополнителни локации за погребување на загинати и умрени лица;
              - локации за закопување на загинати и умрени животни;
              - локации за складирање на шут при масовни оштетувања на објекти; и
              - локации за складирање и уништување на штетни и опасни материи.

          Заради постигнување на соодветен степен на заштита на евакуираното население и
   преземање на активности за уредување и подготовка на просторите погодни за евакуација,
    нивните локации треба да се бараат во индиректно загрозените простори, како и во
    просторит е погодни за формирање на слободни територии.



       10 https://mkffis.cuk.gov.mk/

                                                                                   33
<<<PAGE_END {"PDF_PAGE":45}>>>
